Slider

Стории

Ford Kuga е најпродаван плаг-ин хибрид во Европа во 2020 година

Slider

Заклучно со мај, Ford Kuga PHEV е најпродаван плаг-ин хибрид во Европа, оставајќи зад себе модели кои се многу подолго во овој сегмент

30/06/2020

Ford тргна во голема офанзива во фазата на електрификација на својата гама, а овој потег беше направен во вистински тајминг и со промоција на поголем број изведби во краток период.

Како еден од најважните модели во Европа, новата генерација на Ford Kuga е вистинска гордост на брендот, а во тоа сценарио се вклопува и плаг-ин хибрид изведбата која е фокусирана на ефикасноста на својот погон, намалувањето на Co2 емисијата и користењето на најновите технологии за реализација на своите амбиции.

Добриот прием на PHEV изведбата на Ford Kuga на најголемите европски пазари е потврден со официјалната статистика на „JATO Dynamics“ за првите пет месеци во 2020 година.

Заклучно со мај, Ford Kuga PHEV е најпродаван плаг-ин хибрид во Европа, оставајќи зад себе модели кои се многу подолго во овој сегмент.

Според бројките, во првите пет месеци на 2020 година, плаг-ин изведбата на Kuga била продадена во 1.650 примероци, што е респектабилна бројка ако се знае дека во добар дел од земјите, изминативе месеци имаше голем пад на продажбата поради пандемијата на коронавирусот.

Плаг-ин погонот на Kuga PHEV подразбира 2.5-литарски бензински мотор, електро-мотор и 14,4 kWh батерија, со вкупна моќност од 225 коњски сили и автономија на електричен погон од 50 километри.

Ford Kuga во новата генерација покрај со бензинските и дизел моторите, е достапна и како благ хибрид, самополнечки хибрид и токму како плаг-ин хибрид со исклучително добри карактеристики.

Топ 10 најпродавани плаг-ин хибриди во Европа
(јануари-мај 2020)
1. Ford Kuga 1.650
2. BMW X3 1.356
3. Volkswagen Passat 1.139
4. BMW X5 1.079
5. Mitsubishi Outlander 1.024
6. Audi A3 1.007
7. Volvo V60 893
8. Kia Niro 823
9. Audi Q5 766
10. Volvo XC40 756

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider