Slide

Вести

Ford можеби ќе лансира наследник на Fiesta, поставен на електирчна платформа од Volkswagen Group

Slide

Ford престана да ја произведува Fiesta пред неколку дена, поточно на 7 јули, одлука во согласност со плановите за комплетна електрификација на брендот.

12/07/2023

Американскиот гигант Ford размислува за замена за својот култен модел Fiesta, кој би бил поставен на платформа на VW Group и би бил сестрински модел со најавениот Volkswagen ID2 модел.

Ова го потврди Мартин Сандер, директорот на Ford за Европа.

Ford престана да ја произведува Fiesta пред неколку дена, поточно на 7 јули, одлука во согласност со плановите за комплетна електрификација на брендот.

Ford инвестираше над 2 милијарди евра за адаптација на фабриката во Келн каде се произведуваше бестселерот на Ford. Во иднина оваа фабрика ќе произведува електрични возила на база на MEB платформата на VW Group. Првиот ваков модел од фабриката ќе биде компактен кросовр, а веќе на почетокот на следната година ќе пристигне во авто салоните во Европа.

На прашањето дали Ford би искористил некои од помалите модели на Volkswagen како основа за наследник на Fiesta, Сандер изјави дека “имаме конструктивна и позитивна соработка со Volkswagen и разгледуваме можности како да ја продлабочиме”.

Во овој контекст, пред неколку месеци VW го најави концептот ID2, достапен електричен модел кој треба да чини помалку од 25,000 евра.

Сепак, директорот на Ford за Европа најавува и разумно планирање: “помалите возила имаат помала маржа. Ние во Европа го немаме обемот што го има Volkswagen Group за тоа да нѝ биде исплатливо. Малите возила како Fiesta не се во линија со основата на Ford Motor Company”, додаде тој.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба