Slider

Новитети

Ford Mustang Mach-E 1400: Електрична „ракета“ со 1400 коњски сили

Slider

Вработените во Ford Performance и RTR потрошиле 10.000 работни часови за подготовка на оваа „електрична ракета“ која стигнува до потисна сила од 1.000 килограми при брзина од 257 км/ч

21/07/2020

Ford Performance oдделот реализираше соработка со компанијата RTR, а конечниот производ е уникатниот Ford Mustang Mach-E со неверојатни 1.400 коњски сили.

Ford реши да покаже на што може да биде способен еден електричен автомобил, па класичната изведба на Mustang Mach-E доби специјална ревизија и дури 7 електро мотори за вкупна моќност изразена со четири цифри.

Покрај „седумте срца“ кои генерираат незамислива моќ, изведбата Mustang Mach-E доби ултра-лесни материјали, подобрена аеродинамичност и батерија со капацитет од 56,8 kWh.

Вработените во Ford Performance и RTR потрошиле 10.000 работни часови за подготовка на оваа „електрична ракета“ која стигнува до потисна сила од 1.000 килограми при брзина од 257 км/ч.

Од Ford најавија дека Mustang Mach-E 1400 наскоро ќе дебитира на NASCAR трка.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider