Slider

Вести

Ford Mustang останува најпродаван спортски автомобил во светот

Slider

Ford Mustang денеска го прославува својот 56. роденден, а американскиот производител му го честиташе со официјалната информација дека петта година по ред е најпродаван спортски автомобил во светот

17/04/2020

Ford Mustang денеска го прославува својот 56. роденден, а американскиот производител му го честиташе со официјалната информација дека петта година по ред е најпродаван спортски автомобил во светот.

Mustang ја продолжил доминацијата меѓу спортистите и во 2019 година, а првата позиција си ја обезбедил со 102.090 продадени примероци низ целиот свет. Истовремено, задржана е круната и меѓу најпродаваните купе изведби, во чие сметање IHS Markit ги вметнува купе моделите со две врати и кабриолетите.

Шестата генерација на Ford Mustang дебитираше во 2015 година и според производителот, заклучно со декември 2019 година продала 633.000 примероци во 146 земји низ светот.

Ford го истакнува фактот дека во 2019 година продажбата во Германија е зголемена за 33%, во Полска за 50%, а во Франција биле продадени речиси двојно повеќе примероци во однос на претходната година. Вкупно во Европа се продадени 9.900 примероци, што е раст за 3 проценти на годишно ниво.

Во моментов, во зависност од регионот или пазарот, Ford Mustang е достапен со 5.0-литарскиот V8 мотор со 449 коњски сили или 2.3-литарскиот EcoBoost со 291 коњска сила. Посебно инспирираните фанови може да го изберат и Mustang Bullitt со 460 коњски сили и посебни додатоци на екстериерот и ентериерот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider