Slider

Новитети

Ford најави хибридни изведби на S-Max и Galaxy и производство на батерии во Валенсија

Slider

S-Max Hybrid и Galaxy Hybrid ќе користат комбинација на 2.5-литарски бензински мотор и електро мотор, со погонска моќност од 200 коњски сили и Co2 емисија од 140 г/км

17/01/2020

Стратегијата на Ford да има електрифицирана изведба на речиси сите патнички автомобили до крајот на 2022 година ќе биде полесно реализирана со новата инвестиција во фабриката во Валенсија.

Ford најави дека ќе инвестира 42 милиони евра на оваа локација, со што покрај останатите предности, ќе добие и две производствени линии за литиум-јон батерии, кои подоцна ќе ги користат хибридните изведби на овој бренд. Од 2011 година, Ford инвестираше околу 3 милијарди евра во Валенсија и оваа фабрика може да одговори на поголемата побарувачка за електрифицирани изведби чија бројка треба да достигне 14 изведби до крајот на оваа година.

Заедно со продукцијата на батерии, Ford го најави и почетокот на производството на самополнечки хибридни изведби на вановите S-Max и Galaxy, кои со својот електрифициран концепт ќе овозможат сериозни предности за купувачите во овој сегмент.

S-Max Hybrid и Galaxy Hybrid ќе користат комбинација на 2.5-литарски бензински мотор и електро мотор, со погонска моќност од 200 коњски сили и Co2 емисија од 140 г/км, при што и двата модела ќе ја задржат препознатливата функционалност и практичност и голем багажен простор.

Дел од инвестицијата ќе биде искористена и за поддршка на производството на плаг-ин хибрид и хибридната изведба на Kuga, а во оваа фабрика Ford веќе ги произведува хибридните изведби на Mondeo и Mondeo Wagon.

Производството на батериите ќе започне во септември оваа година, а S-Max Hybrid и Galaxy Hybrid ќе бидат достапни од почетокот на следната 2021 година.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider