Slider

Вести

Ford не планира да го понуди Bronco во Европа

Slider

SUV подбрендот на американскиот производител ги интигрираше и европските купувачи, но во Ford не размислуваат за негова европска изведба, па тој ќе остане привилегија само за Северна Америка

13/08/2020

Премиерата на трите изведби на Bronco кој не само што се врати на сцената, туку сега има посебно семејство во рамките на Ford.

SUV подбрендот на американскиот производител ги интигрираше и европските купувачи, но во Ford не размислуваат за негова европска изведба, па тој ќе остане привилегија само за Северна Америка.

– Bronco е развиван и подготвуван исклучиво за северноамериканскиот пазар. Засега не постојат планови тој да биде понуден во Европа, – изјавил од европскиот оддел на Ford за германските медиуми.

Шпекулациите за европска продажба на Bronco се лажни вести, велат од компанијата, нешто што сигурно ќе ги разочара фановите на Bronco и Bronco Sport, посебно поради достапната цена која го има моделот во својата матична земја.

Надеж даваше и фактот што Ford изминативе години реши првпат официјално да ги вклучи во европскат гама моделите како Mustang и Explorer, но очигледно Bronco ќе го има статусот на бестселерот F-Series.

– Не можете едноставно да ги натоварите на брод автомобилите подготвувани за американскиот пазар и да ги однесете во Европа, – велат од Ford Europe.

Сериозен проблем се и строгите еколошки норми, откако дури и најмалку моќниот Bronco со 1.5-литарски мотор има поголема Co2 емисија од бараниот европски просек.

Останатите мотори, односно 2.0-литарскиот бензинец со четири цилиндри, односно 2.3 и 2.7-литарските изведби со шест цилиндри воопшто не ни доаѓаат предвид поради големата Co2 емисија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider