Slider

Вести

Ford нема да го понуди Focus ST со погон на сите тркала

Slider

Да потсетиме, Ford Focus ST го доби 2.3-литарскиот EcoBoost мотор со 280 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm, a за спринтот до 100 км/ч му се потребни само 6 секунди

22/05/2020

Шпекулациите дека Ford веќе се откажал од RS изведбата на компактот Focus, активираа и тема за тоа дали погонот на сите тркала ќе биде префрлен кај Focus ST кој веќе доби нова генерација.

Очигледно, купувачите ќе можат да го добијат Focus ST само со погон на предните тркала, бидејќи од Ford демантираат проширување на понудата.

– Не, немаме планови за Focus ST со 4×4 погон, тој останува поврзан само со Focus RS, – изјавил Штефан Минцингер, кој го предводи одделот за спортски модели на Ford во Европа.

Да потсетиме, Ford Focus ST го доби 2.3-литарскиот EcoBoost мотор со 280 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm, a за спринтот до 100 км/ч му се потребни само 6 секунди.

Првпат кај Focus ST e достапна и 7-степена автоматска трансмисија, а купувачите можат да го добијат овој спортски модел и со 2.0-литарскиот EcoBlue дизел со 190 коњски сили.

Повеќе за Ford Focus ST може да прочитате од репортажата од првото возење на моделот во Хрватска на овој ЛИНК

Повеќе содржини за Ford

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider