Slider

Вести

Ford одбележува 90 години производство во фабриката во Келн

Slider

04/05/2021

Денешниот ден, 4. мај, има посебно значење во историјатот на Ford, поточно за европскиот оддел кој одбележува 90 години од почетокот на производството во фабриката во Келн.

Хенри Форд и тогашниот градоначалник на германскиот град, Конрад Аденауер постигнале договор со кој токму Келн е избран за европска база на американскиот гигант, а на 4. мај 1931 година, во точно 15:31 часот е произведен првиот примерок со логото на Ford.

Првото возило е камионот Model AA, а производството започнало со 619 вработени на локација која опфаќала 33.000 квадратни метри и со дневна продукција од околу 60 примероци.

90 години подоцна, Ford во фабриката во Келн има 15.000 вработени, таа се протега на 137.000 квадратни метри и дневно се произведуваат околу 1.000 примероци.

Првиот автомобил бил Model A, за во меѓувреме да бидат произведувани голем број модели и над 18 милиони примероци токму во оваа германска фабрика.

Низ производствениот процес во Келн минале модели како Taunus, Capri и Granada, но модел со најмногу произведени примероци е Fiesta, европската гордост на Ford која е актуелна и денеска, а се произведува од 1979 година. Наскоро Fiesta ќе заокружи и десет милиони произведени примероци.

Пред девет децении почетокот на работата на фабриката било одбележано со голем Ford карван со околу 40.000 фанови на брендот од цела Европа, а јубилејот сега е одбележан во рамките на актуелните ограничувања, со околу педесетина Ford ентузијасти кои со 38 различни модели минале околу 35 километри, при што најстариот примерок бил Model А произведен во 1931 година.

Фабриката во Келн ќе има сериозна улога и во фазата на електрификација, откако Ford веќе најави дека токму на оваа локација ќе почне да го произведува својот прв европски електричен автомобил и тоа во 2023 година.

Повеќе содржини за Ford:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider