Slider

Новитети

Ford освежи два модела: S-Max и Galaxy се покомфорни, поекономични и технолошки понапредни

Slider

Купувачите како избор ќе имаат три различни опции за 2.0-литарскиот EcoBlue дизел мотор, односно моќност од 150, 190 и 240 коњски сили, а во комбинација се 6-степена мануелна и 8-степена автоматска трансмисија

11/10/2019

Мултифункционалните Galaxy и S-Max остануваат важен дел од портфолиото на Ford, a нивните најнови изведби добиваат потрендовски дизајн, повисоко ниво на комфор и луксуз, како и подобра конективност.

Ford ги прецизираше деталите за освежените Galaxy и S-Max, потенцирајќи дека тие ќе напредуваат во повеќе сегменти, а посебен акцент е ставен на комфорот, за што се вметнати ергономични седишта со повеќе опции за позиционирање, како и климатизација на истите кај луксузните Vignale изведби.

Двата автомобила го добиваат FordPass Connect, со кој во нив станува достапна безжична интернет мрежа за десет корисници, но достапни стануваат и други услуги преку интернет конекцијата, меѓу кои и комуникација и информации за автомобилот преку FordPass апликацијата. Инфо-забавниот систем SYNC 3 е достапен преку 8-инчен екран осетлив на допир, а на тој начин возачот ќе го контролира менито поврзано со различни функции.

Купувачите како избор ќе имаат три различни опции за 2.0-литарскиот EcoBlue дизел мотор, односно моќност од 150, 190 и 240 коњски сили, а во комбинација се 6-степена мануелна и 8-степена автоматска трансмисија.

– Нашите Vignale изведби го носат возењето во прва класа на едно повисоко ниво. Конективноста овозможена со FordPass Connect технологијата го прави животот поедноставен и порелаксиран за сопствениците на S-Max и Galaxy, без разлика дали тие возат, работат или се релаксираат, – потенцира Ролант де Вард од Ford Europe.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider