Slider

Вести

Ford планира и втор EV модел базиран на MEB платформата за европскиот пазар

Slider

Двете компании имаат сериозни планови во кои се вклучени новитети со квалитетна Ford основа во насока на модели за VW, а сега е најавен и втор електричен модел

17/09/2019

Соработката на Ford Motor и Volkswagen Group беше најавена со потврда за лансирање на најмалку еден електричен автомобил, кој ќе го носи логото со синиот овал, а во основа ќе ја има MEB платформата на германскиот гигант.

Двете компании имаат сериозни планови во кои се вклучени новитети со квалитетна Ford основа во насока на модели за VW, а сега е најавен и втор електричен модел за портфолиото на европскиот оддел на американскиот бренд.

– Производството на еден електричен модел нема сериозна финансиска оправданост, а одлуката за вториот ваков модел треба да биде донесена наскоро. Разговараме на таа тема се уште, – изјавил Стјуарт Роули, првиот човек на Ford Europe за „Ханделсблат“.

Од она што досега беше потврдено, електричниот автомобил на Ford ќе биде наменет за европските пазари, а очекувањата се дека до 2023 година ќе бидат испорачани над 600.000 примероци кои се поставени на MEB платформата. Во истата, групацијата Volkswagen инвестираше повеќе од 7 милијарди евра и ќе ја користи за голем број модели на сите свои брендови, вклучувајќи го и Audi. Двете компании најавија соработка и заеднички инвестиции во развојот на автономното управување и подигнување на квалитетот на услугите кон своите купувачи.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider