Slider

Новитети

Ford потврди дека моќниот Mustang Mach 1 ќе биде достапен во Европа

Slider

Mustang Mach 1 ќе биде најмоќниот Mustang понуден некогаш во Европа, а ова специјално издание кое ќе има ограничен број примероци, располага со 5.0-литарски V8 мотор со 460 кс (PS) и вртежен момент од 530 Nm

16/10/2020

Ford Mustang Mach 1 дебитираше на традиционалниот собир во Гудвуд, а производителот потврди дека тој ќе биде достапен и на европскиот континент.

Mustang Mach 1 ќе биде најмоќниот Mustang понуден некогаш во Европа, а ова специјално издание кое ќе има ограничен број примероци, располага со 5.0-литарски V8 мотор со 460 кс (PS) и вртежен момент од 530 Nm.

Изведбата Mach 1 ќе биде вистински предизвик за најголемите фанови на Mustang, а нејзините специфични карактеристики го подразбираат специфичниот дизајн на предниот дел кој ја подобрува аеродинамичноста, ретро детали, специјалните дифузери, задниот спојлер и други елементи.

Ford Mustang Mach 1 доаѓа со специјална 6-степена мануелна трансмисија која ги испраќа вртежите на задната оска, а достапна е и опцијата со 10-степена автоматска трансмисија.

Спортскиот автомобил може да биде награден со многу опции поврзани со неговиот перформанс карактер, а во ентериерот се добива варијација на класичната понуда на Mustang GT.

Првиот Mustang Mach 1 е понуден од Ford во 1969 година, а неколкуте изданија низ децениите на оваа специјална изведба се продадени во над 300.000 примероци.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider