Slide

Новитети

Ford преку Mustang GTD ќе се обиде да одземе купувачи на Porsche, Aston Martin и Mercedes

Slide

Автомобилот ќе има карбонски делови од каросеријата, тркала од магнезиум, осум-степена трансмисија и специјалено направен 5.2 литарски V8 мотор.

23/08/2023

Американскиот гигант Ford планира да произведе ограничена количина од Mustang GTD чија цена би била околу 300,000 американски долари. Производството ќе се одвива преку партнерство со Multimatic.

Ford ја зголемува својата производна линија со воведување на Mustang GTD со 800 hp, чија цел ќе биде да се конкурира со европските производители на супер-спортски автомобили.

Најавениот модел се очекува да биде најмоќната законски дозволена каросериска изведба, за чија основа е Mustang GT3. Автомобилот ќе има карбонски делови од каросеријата, тркала од магнезиум, осум-степена трансмисија и специјалено направен 5.2 литарски V8 мотор.

Од Ford најавија дека ќе започнат да го произведуваат Mustang GTD во партнерство со Multimatic кон крајот на 2024 или почетокот на 2025 година. Автомобилите ќе излегуваат од производните ленти во фабриката на Ford во Флет Рок, Мичиген, по што ќе бидат пренесени за финална доработка во Multimatic, во Онтарио.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа