Slider

Вести

Ford Puma прогласена за автомобил на годината во Шкотска

Slider

17/12/2020

Ford избра познато име за својот многу важен кросовер, а токму Puma сега испорачува многу важни позитивни продажни импулси за брендот на европските пазари.

Атрактивната Puma веќе почна да освојува и признанија, кои се најава дека 2021 година ќе биде таа во која сериозно ќе биде потврден статусот на еден од најдобро подготвените автомобили во трендовската класа.

Ова сигурно ќе важи и на шкотскиот пазар, бидејќи Ford Puma доби сериозна препорака со добивањето на признанието „Автомобил на годината во Шкотска“, добивајќи најмногу гласови од жирито составено од 14 специјализирани новинари.

Секоја година конкуренцијата е силна, но Puma му ја донесе на Ford првата ваква награда по пауза од повеќе од една деценија. Претходен лауреат на Ford во Шкотска беше Fiesta во 2008 година, а претходно награда имаат освоено и Mondeo и Focus.

– Се работи за автомобил кој изгледа одлично, а истовремено обезбедува многу простор во компактни димензии. Обезбедува рафинирано возење, а добро изработениот ентериер и достапните цени се уште неколку негови квалитети.

– Она што најмногу ги воодушеви членовите на нашето жири е забавното возење, а фактот што е поставен на иста платформа со Fiesta е добра најава за тоа колку добро се снаоѓа во свијоци и колку лесно може да изнуди насмевка на лицетот на својот возач, – вели Џек МекКион, претседател на шкотското жири.

Второто место во годинешниот избор го делеле Land Rover Defender и Honda Jazz Hybrid.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider