Slide

Стории

Ford, Rivian и GMC ја претркаа Tesla во битката за освојување на сегментот на електрични пикапи

Slide

Во меѓувреме, последните проценки упатуваат на тоа дека помпезно најавуваниот Cybertruck нема да стигне кај првите сопственици сѐ до крајот на 2023 година.

16/06/2022

Доколку навистина првите примероци на Cybertruck пристигнат кон крајот на следната година, адутот на Tesla сепак ќе доцни споредено со конкурентите во сегментот на електрични пикапи.

Клиентите кои веќе направија резервации за својот Cybertruck, отстрана гледаат како Rivian, Ford и GMC ги испорачуваат своите први примероци од R1T, F-150 Lightning и Hummer, респективно.

Социјалните мрежи се преполни од фотографии од првите сопственици кои со своите F-150 Lighning пикапи влечат глисери и уживаат во подолги летни патувања користејќи ја големата батерија.

Во меѓувреме, последните проценки упатуваат на тоа дека помпезно најавуваниот Cybertruck нема да стигне кај првите сопственици сѐ до крајот на 2023 година. Ова значи дека дури и Chevrolet Silverado EV ќе биде комерцијализиран пред моделот на Tesla.

Со оглед на тоа што според сегашните проекции, Cybertruck е на една година од започнување на производството, единствено може да се очеува да пристигне пред пикап конкурентите од брендовите под капата на Stellantis.

Имено, аналитичарите предвидуваат дека електричниот пикап RAM 1500 EV ќе пристигне кон крајот на 2024 година. 

По него, во 2026 година се очекува и пристигнувањето на електрични пикапи од Hyundai и Kia, како и Chevrolet Colorado и GMC Canyon.

Но, да се вратиме на Cybertruck. И покрај повеќекратните развлекувања на роковите, некои сигнали упатуваат на тоа дека Tesla активно работи на финиширање на моделот. Минатата недела уште еден прототип беше претставен на настан во Калифорнија, посветен на енергија од обновливи извори.

Илон Маск, пак, минатиот месец најави иновативна нова легура од алуминиум која ќе се увезува од Италија, а ќе се користи за производството на Cybertruck.

Се работи за добавувачот Idra, компанија која произведува уникатна машина, намената за обликување на алуминиумот. Оваа машина овозможува производителот да креира еден голем алуминиумски дел, наместо поголем број помали делови кои потоа би требало да се спојуваат.

Но, да се потсетиме дека кога Cybertruck беше претставен во 2019 година, Маск вети дека производството ќе започне во 2021, далеку пред моделите на ривалите. Потоа, во март годинава, истиот Маск најави дека Tesla планира да го заврши развојот на пикапот годинава и да започне со производство во 2023 година.

Во меѓувреме Ford објави дека минатиот месец испорачал 201 примероци од F-150 Lightning на купувачите. За првите четири месеци од годинава забележани се 1,145 регистрации на Rivian R1T.

Ford успеа и да се пошегува со фановите на Tesla, бидејќи во пакетот со F-150 Lightning вклучи и адаптер преку кој батеријата на фордовиот пикап може да ја полни батеријата на модели на Tesla, кои евентуално би останале со празна батерија.

Гигантот од Детроит не пропушти да објави и дека првиот примерок од F-150 Lightning беше испорачан на клиент кој ја откажал нарачката за Cybertruck и наместо тоа се решил за Ford.

Сепак, фановите на Tesla сѐ уште се надеваат дека лидерството на Tesla ќе испорача супериорен модел споререно со останатите производители, па чекањето ќе им се исплати.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри