Slider

Вести

Ford со голема инвестиција го потврди Келн како европски центар на електрификацијата

Slider

17/02/2021

Ford најави целосна електрификација на својата гама, а во тој процес секако ќе биде вклучен и европскиот оддел на американскиот гигант.

Откако Ford of Europe успеа да му се врати на профитабилното работење, сега е најавен нов чекор, а тој оди во насока кон целосна електрификација на понудата на патнички и комерцијални возила.

Инвестицијата од 1 милијарда долари во фабриката во Келн јасно навестува дека Ford има големи амбиции на европскиот пазар, а проекциите се дека до 2026 година целата гама ќе биде составена од електрични или плаг-ин хибрид изведби, додека трансмормацијата до целосно електрична гама ќе се случи до 2030 година.

Кај комерцијалните возила, до 2024 година се очекува целосната понуда да биде со електрифицирани изведби, а до 2030 година две третини од продажбата да биде сочинета од електрични изведби.

Ford очекувано реши основата на електрификацијата да биде фабриката во Келн, а оттаму ќе тргне производството на првиот целосно електричен мал автомобил и тоа во 2023 година.

Претпоставките се дека овој модел ќе ја користи MEB платформата на Volkswagen, откако двете групации одамна договорија соработка во повеќе сегменти, но останува во иднина да биде потврден конкретниот проект од страна на Ford.

Повеќе содржини за електрични модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider