Skip to content

Вести

Ford SYNC 4 е побрз, поинтелигентен и со безжичнo користење на Apple CarPlay и Android Auto

01/11/2019

Половина деценија откако ја објави актуелната генерација на својот инфо-забавен систем, Ford го промовираше SYNC 4, уште понапредно и пософистицирано скалило кое ќе биде додадена вредност за новите автомобили на овој бренд.

Поголемата интелигенција и помоќниот оперативен систем се одлична основа за сите надградби кои ги носи со себе SYNC 4, a главната цел на Ford е да овозможи подобро поврзување, понапредна навигација и полесно користење на останатите функции, вклучувајќи ги и содржините на паметните телефони.

Компатибилностa на SYNC 4 со различни модели на Ford е логична, а американскиот производител најави дека ќе може да функционира на екрани со распон на дијагонала од 8 до 15,5 инчи, при што прикажувањето на функциите и информациите ќе биде различно во секој автомобил, делумно и со персонализацијата која ќе ја направи купувачот.

Гласовните команди и следење на реалната ситуација во сообраќајот за пофункционално користење на навигацијата ќе бидат важни придобивки за возачите, а SYNC 4 ќе ја потврди својата интелигенција и со учење на приоритетите на возачот, кој според претходните секојдневни рутини ќе добива и препорака од системот при комуникација за избор на ресторан или рута за одредена делница.

Она што посебно ќе им значи на возачите е еволутивната етапа во однос на конективноста, па Apple CarPlay и Android Auto ќе се користат безжично, додека останува опцијата за користење на Bluetooth, Wi-Fi поврзување и безжично полнење за телефон додека сте во некој од моделите на Ford.

Графиката на екраните кои ќе бидат поврзани со SYNC 4 ќе биде подобрена, а исто така и опциите кои ќе бидат достапни, што на пример, кај новиот 12-инчен екран подразбира следење на повеќе функции истовремено, со што некоја од нив ќе добие предност во однос на димензиите во кои ќе биде прикажувана.

Новиот SYNC 4 ќе биде дополнителен фактор за подобри продажни резултати на Ford, а неговата имплементација започнува од 2020 година, при што производителот ќе го вметнува во своите новитети со одредена динамика.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend