Вести
Ford веќе следното лето ќе го дисконтинуира производството на Fiesta, поради забрзување на електрификацијата
Fiesta, модел кој беше лансиран во Европа во 1976 година, е еден од најпопуларните модели на Ford, но во последните неколку години се забележува намалување на продажбитe.
Ford ќе престане да го произведува бестселерот во Б сегментот порано од првичните планови, бидејќи производителот планира забрзано темпо на електрификација.
Ford следното лето ќе престане да ја произведува Fiesta во фабриката во Келн; ова значи дека производството на Fiesta ќе сопре една година претходно од планираното. Но, истовремено со сопирањето на производството на Fiesta ќе започне производството на електричниот кросовер кој Ford го развива во соработка со Volkswagen, а ќе биде поставен на MEB платформата.
Таа платформа е основа за моделот ID.4, но и за останатите електирчни модели на Volkswagen Group.
Според најавите, наглата промена нема да влијае на бројот на вработени, а според неофицијални извори, потребни ќе бидат и нови вработувања.
Fiesta, модел кој беше лансиран во Европа во 1976 година, е еден од најпопуларните модели на Ford, но во последните неколку години се забележува намалување на продажбите, бидејќи купувачите се ориентираат кон кросовери како што е на пример Ford Puma.
Ford инвестира во пренамена на фабриката во Келн за производство на електрични возила. Оваа инвестиција вклучува и оддел за вградување на батерии, кој треба да започне со работа во 2024 година. Тогаш во истата фабрика се очекува да започне производството на уште еден електричен модел, кој би бил спортски кросовер. И овој модел ќе биде поставен на MEB платформата.
Фабриката во Келн се очекува да има годишен капацитет за производство на 200,000 електрични возила.
Според плановите на Ford, планирано е лансирање на дури седум комплетно електрични модели наменети за европскиот пазар, помеѓу кои ќе биде и комплетно електрична изведба на кросоверот Puma, која ќе се произведува во Крајова, Романија.