Вести
Ford во 2024 ќе стигне до годишно производство на 400,000 електрични автомобили
Според Мартин Сандер, директорот на Европската централа на Ford, новата платформа ќе се користи за електрични возила наменети за Европа, но сѐ уште не се потврдени роковите за ова.
И покрај предизвиците со кои се соочува, американскиот гигант Ford ги најавува своите амбициозни планови во врска со електрификацијата.
Имено, Ford неодамна објави дека дивизијата која е задолжена за електричните автомобили ќе направи 4.5 милијарди долари поголема загуба отколку очекуваната. Сепак, производителот планира да произведува околку 400,000 електрични автомобили годишно започнувајќи од следната година.
Овој обем на производство требаше да се реализира веќе годинава, но е одложен за догодина. Не се знае дали планот за производство на 2 милиони електрични возила по 2026 година сѐ уште може да се достигне.
Клучен услов за остварување на таа цел е новата генерација на електричната платформа која ќе биде основа за производство на големи електирчни пикапи во фабриката во Тенеси, како и кросовер со три реда седишта кој треба да се произведува во Канада.
Според Мартин Сандер, директорот на Европската централа на Ford, новата платформа ќе се користи за електрични возила наменети за Европа, но сѐ уште не се потврдени роковите за ова.
Џим Фарли, извршниот директор на Ford изјави производството на возилата од новата генерација ќе биде помалку сложено споредено оние во тековната електрична гама на Ford. Исто така, нивниот софтвер ќе може да се надградува, што ќе овозможи зголемување на маржите преку продавање на услуги преку претплата.
Тековните електрични модели на Ford, F-150 Lightning, Mustang Mach-E и E-Transit се очекува да имаат клучна улога во процесот на електрификација, со оглед на тоа што побарувачката за нив останува висока.