Skip to content

Вести

Ford во Европа продава по еден Focus на секои 135 секунди

Математиката на Ford вели дека продава по еден Focus на секои 135 секунди, а актуелната генерација е продадена во над 250.000 примероци откако беше комерцијализирана во 2018 година

04/12/2019

Големаа европска популарност на Ford Focus не е изненадување, а понудата во која сега е вклучена и Active изведбата успеа да постигне најдобар резултат последните четири години.

Европскиот оддел на Ford пренесува дека на 20-те најголеми европски пазари од почетокот на годината се пласирани 194.700 примероци од понудата на Focus, што е зголемување на продажбата за 1,8 проценти во однос на минатата година.

Математиката на Ford вели дека продава по еден Focus на секои 135 секунди, а актуелната генерација е продадена во над 250.000 примероци откако беше комерцијализирана во 2018 година.

– Од Focus хечбек до комби, од Active до ST, нема поголема универзалност според потребите на купувачите во овој сегмент, а сите тие доаѓаат со одличен дизајн и технологија, – вели Ролант де Вард од Ford Europe.

Истражувањата на компанијата покажале дека 40 проценти од купувачите на Focus биле привлечени од дизајнот, а 20 проценти ја донеле одлуката за купување поради пакетот безбедносни системи.

Очекувањата од иднината се уште поголеми бидејќи наскоро на купувачите ќе им биде понудена изведбата Focus Active X Vignale, како и благ хибрид со 48V технологија, изведбата Ford EcoBoost Hybrid.

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend