Slider

Новитети

Formentor е моќно поглавје во SUV перформанс приказната на Cupra

Slider

Продажбата започнува со најмоќната изведба, која подразбира 2.0-литарски мотор со 310 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm

07/10/2020

Октомври е месецот во кој првите примероци на екстравагантниот спортски SUV, Cupra Formentor, треба да стигнат до трпеливите купувачи.

Првиот самостоен модел на брендот кој е формиран од Seat доаѓа со силни аргументи и име на егзотичниот Форментор која се наоѓа на Мајорка, а одговорните во Cupra се убедени дека подготвиле автомобил кој експресно ќе стане миленик на фановите на перформансите.

Продажбата започнува со најмоќната изведба, која подразбира 2.0-литарски мотор со 310 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm, a она што радува е дека Formentor во иднина ќе биде достапен и со мотори со 150 коњски сили, што ќе го направи подостапен, а подготвени се и две плаг-ин хибрид изведби.

Cupra Formentor e SUV долг 4,45 метри, широк 1,83 метри и висок 1,51 метри, капацитетот на багажникот изнесува 450 литри, a дизајнерите уживале во креирање на спортската силуета на која се истакнати логото и другите детали во бакарна боја.

Избрани се квалитетни материјали за ентериерот, графика на дигиталната инструмент табла на која се истакнуваат информациите околу перформансите, како и 12-инчен централен екран за инфо-забавниот систем.

Покрај останатите технолошко напредни функции, возачот на Cupra Formentor ќе може да ги користи и гласовните команди, односно поддршката од интелигентниот асистент кој се активира со „Hola, Hola“.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider