Slide

Вести

Франција подготвува програма за субвенција на лизинг на електрични возила по цена од 100 евра месечно

Slide

Во однос на тековната понуда на поевтини електрични возила во Франција, моделот Dacia Spring е достапен на лизинг за 120 евра месечно.

30/08/2022

Според францускиот министер за финансии, програмата за евтин лизинг би помогнала во амортизирање на високите цени на електричните возила во периодот на транзиција на автомобилската индустрија.

Франција подготвува план за субвенционирање на лизингот на електрични возила, кој би бил дел од стратегијата на Претседателот Макрон да ги направи достапни овие возила.

Според министерот Габриел Атал, програмата ќе овозможи лизинг на електрични возила за 100 евра месечно, износ кој е помал од оној кој во моментов месечно го трошат Французите за гориво. Тој додаде дека Владата е фокусирана на што побрзо имплементирање на оваа програма.

Макрон неодамна вети субвенции за лизинг за семејствата со ниски приходи, со што електричните возила би биле достапни за поголем дел од населението. Овие нови субвенции би биле многу позначајни споредено со тековните кои важат во Франција.

Имено, во моментов Владата на Франција субвенционира до 6,000 евра за купување на електрично возило кое има малопродажна цена од 47,000 евра. Електричните возила во Франција имаат 12% пазарен удел во првите седум месеци од годинава.

“Свесни сме дека со сегашните субвенции, електричните возила сѐ уште се недостапни за голем дел од Французите”, изјави Атал во неделата.

Во однос на тековната понуда на поевтини електрични возила во Франција, моделот Dacia Spring е достапен на лизинг за 120 евра месечно. Nissan Leaf е достапен за 139 евра месечно, слично како Fiat New 500. Renault Twingo може да се добие на лизинг за 150 евра месечна рата.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан