Slide 1



ЕКСТЕРИЕР
ЕКСТЕРИЕР
ЕНТЕРИЕР
ЕНТЕРИЕР
напред
назад
IQ.LIGHT – LED MATRIX СВЕТЛА
Golf пристигнува со целосни LED светла во стандардната опрема, а во својата понуда ќе ја има и најнапредната опција претставена преку IQ.LIGHT LED Matrix светлата, кои покажуваат дека Volkswagen инсистира на високи стандарди кај својот бестселер. Оваа технологија претходно беше искористена кај Touareg и Passat, а возачите на Golf ќе добијат напредни функции кои ќе гарантираат порелаксирано возење. Системот користи по 22 диоди во модулите на предните светла и активира десет различни функции на осветлување, проектирајќи ги на патот пред автомобилот.
IQ.LIGHT – LED matrix светла
ЕКСТЕРИЕР


АВТОНОМНО СОПИРАЊЕ ПРИ ВРТЕЊЕ ЛЕВО
Адаптивниот темпомат го овозможува и корисниот систем кој ја зголемува безбедноста при вртење лево. Во ситуација кога возачот на Golf нема да забележи дека се приближува возило од спротивната насока, системот најпрвин испраќа аудио и визуелно предупредување, а ако нема реакција, го активира автономното сопирање при што се избегнува судир со возилото на кое Golf му го попречува движењето во својот правец.
АВТОНОМНО СОПИРАЊЕ ПРИ ВРТЕЊЕ ЛЕВО
ЕКСТЕРИЕР


TRAVEL ASSIST
Системот кој веќе го користи Passat, сега е достапен и кај осмата генерација на Golf. Компактот добива полу-автономно возење до брзина од 210 км/ч, при што автомобилот сам одржува растојание од возилото пред себе, го одржува автомобилот на централна позиција во лентата и по потреба ја намалува и зголемува брзината. Возачот треба да ја држи барем едната рака на воланот, бидејќи ако тоа не го направи 15 секунди, системот најпрвин алармира, а потоа и го застанува автомобилот на безбеден начин.
TRAVEL ASSIST - ИНТЕЛИГЕНТЕН ТЕМПОМАТ
ЕКСТЕРИЕР


КАПАЦИТЕТ НА БАГАЖНИКОТ
Новиот Golf го задржа основниот капацитет на багажникот на својот претходник, што значи дека почетно се добиваат 380 литри, додека со спуштање на задната клупа, се стигнува до капацитет од 1.237 литри.
КАПАЦИТЕТ НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР
ЕКСТЕРИЕР


СИНЕРГИЈА НА ЛОГОТО И ИМЕТО
Задниот дел на новиот Golf доби поостри линии и нова форма на светлата, но има и поинакви промени во однос на претходникот. Осмата генерација го доби новото лого на Volkswagen кое дебитираше кај ID.3, a името/ознаката на моделот е поголема и за разлика од „седумката“, сега е сместена под самото лого.
СИНЕРГИЈА НА ЛОГОТО И ИМЕТО
ЕКСТЕРИЕР


ДИГИТАЛНА КОНТРОЛА НА СВЕТЛАТА
Традиционалната ротирачка команда за светлата заминува во историја. Volkswagen реши да го редизајнира овој елемент кој останува на истата страна на кокпитот, но сега во потрендовска и попремиум формa. Неговата позиција е повисока, лево од инструмент таблата, со што се добива поинтуитивно користење со допир, а во овој дел се сместени командите за светлата, магленките, како и загревањето на предното и задното ветробранско стакло.
ДИГИТАЛНА КОНТРОЛА НА СВЕТЛАТА
ЕНТЕРИЕР


SHIFT-BY-WIRE ТРАНСМИСИЈА
Примероците на новиот Golf со DSG трансмисија добиваат многу помал и поедноставен контролер за истата. Автомобилот користи Shift-by-Wire технологија, која ја заменува механичката со електронска комуникација меѓу контролерот и трансмисијата, притоа ослободува повеќе простор на централната конзола и ја намалува тежината. Една од предностите е што трансмисијата дозволува префрлување во степен за возење наназад уште пред автомобилот да го прекине движењето нанапред, со што олеснува маневрирањето при паркирање
SHIFT-BY-WIRE ТРАНСМИСИЈА
ЕНТЕРИЕР


ДИГИТАЛЕН КОКПИТ ВО СЕРИЈА
Golf е првиот модел во компакт класата кој добива дигитална инструмент табла како дел од сериската опрема, што значи дека аналогните инструменти веќе нема да бидат дел од концептот на најпродаваниот модел во Европа. 10-инчната дитигална инструмент табла е една од основите на дигиталната архитектура на Golf, прикажувајќи ги најважните информации со концепт кој ќе го креираат и со позадина во боја која ќе ја одберат самите возачи.
ДИГИТАЛЕН КОКПИТ ВО СЕРИЈА
ЕНТЕРИЕР


ИНФО-ЗАБАВЕН СИСТЕМ
Екранот осетлив на допир има клучен ефект во лесното и интуитивното користење на инфо-забавниот систем и неговите опции. Дигитализираниот концепт на VW Golf подразбира 8,25-инчен екран како дел од сериската опрема, додека купувачите ќе можат да изберат и опција за 10-инчен екрани со избор меѓу Discover Media или Discover Pro. Покрај брзата адаптација на менито кое е креирано според концептот на паметните телефони, во игра се и напредна навигација и користење гласовни пораки.
ИНОВАТИВЕН ИНФО-ЗАБАВЕН СИСТЕМ
ЕНТЕРИЕР


ХЕД-АП ПРОЕКЦИЈА
Опцијата за хед-ап екран е достапна и кај Volkswagen Golf, при што возачот може да ги добива најважните информации пред себе, односно проектирани на ветробранското стакло. Важен квалитет е опцијата да се бира содржината која ќе биде претставена на хед-ап екранот, вклучувајќи ги и информациите од безбедносните системи.
ХЕД-АП ПРОЕКЦИЈА НА ВЕТРОБРАНСКОТО СТАКЛО
ЕНТЕРИЕР


Slide 1



ЕКСТЕРИЕР
ЕКСТЕРИЕР
ЕНТЕРИЕР
ЕНТЕРИЕР
напред
назад
IQ.LIGHT – LED MATRIX СВЕТЛА
Golf во својата понуда ќе ја има и најнапредната опција претставена преку IQ.LIGHT LED Matrix светлата. Системот користи по 22 диоди во модулите на предните светла и активира десет различни функции на осветлување.
IQ.LIGHT – LED MATRIX СВЕТЛА
ЕКСТЕРИЕР


АВТОНОМНО СОПИРАЊЕ ПРИ ВРТЕЊЕ ЛЕВО
Во ситуација кога возачот на Golf нема да забележи дека се приближува возило од спротивната насока, системот најпрвин испраќа предупредување, а ако нема реакција, го активира автономното сопирање.
АВТОНОМНО СОПИРАЊЕ ПРИ ВРТЕЊЕ ЛЕВО
ЕКСТЕРИЕР


TRAVEL ASSIST
Системот кој веќе го користи Passat, сега е достапен и кај осмата генерација на Golf. Компактот добива полу-автономно возење до брзина од 210 км/ч, при што автомобилот сам одржува растојание од возилото пред себе.
TRAVEL ASSIST - ИНТЕЛИГЕНТЕН ТЕМПОМАТ
ЕКСТЕРИЕР


КАПАЦИТЕТ НА БАГАЖНИКОТ
Новиот Golf го задржа капацитетот на багажникот на својот претходник: почетно се добиваат 380 литри, но со спуштање на задната клупа, се стигнува до капацитет од 1.237 литри.
КАПАЦИТЕТ НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР
ЕКСТЕРИЕР


СИНТЕРГИЈА НА ЛОГОТО И ИМЕТО
Осмата генерација го доби новото лого на Volkswagen кое дебитираше кај ID.3, a името/ознаката на моделот е поголема и за разлика од „седумката“, сега е сместена под самото лого.
СИНЕРГИЈА НА ЛОГОТО И ИМЕТО
ЕКСТЕРИЕР


ДИГИТАЛНА КОНТРОЛА НА СВЕТЛАТА
Традиционалната ротирачка команда за светлата заминува во историја. Volkswagen реши да го редизајнира овој елемент кој останува на истата страна на кокпитот, но сега во попремиум форма.
ДИГИТАЛНА КОНТРОЛА НА СВЕТЛАТА
ЕНТЕРИЕР


SHIFT-BY-WIRE ТРАНСМИСИЈА
Новиот Golf користи Shift-by-Wire технологија, која ја заменува механичката со електронска комуникација меѓу контролерот и трансмисијата, притоа ослободува повеќе простор на централната конзола и ја намалува тежината.
SHIFT-BY-WIRE ТРАНСМИСИЈА
ЕНТЕРИЕР


ДИГИТАЛЕН КОКПИТ
Golf е првиот модел во компакт класата кој добива дигитална инструмент табла како дел од сериската опрема, што значи дека аналогните инструменти веќе нема да бидат дел од најпродаваниот модел во Европа.
ДИГИТАЛЕН КОКПИТ ВО СЕРИЈА
ЕНТЕРИЕР


ИНФО-ЗАБАВЕН СИСТЕМ
Дигитализираниот концепт на VW Golf подразбира 8,25-инчен екран како дел од сериската опрема, додека купувачите ќе можат да изберат и опција за 10-инчен екрани со избор меѓу Discover Media или Discover Pro.
ИНОВАТИВЕН ИНФО-ЗАБАВЕН СИСТЕМ
ЕНТЕРИЕР


ХЕД-АП ПРОЕКЦИЈА
Со опцијата за хед-ап екран возачот може да ги добива најважните информации проектирани на ветробранското стакло. Важен квалитет е опцијата да се бира содржината која ќе биде претставена на хед-ап екранот.
ХЕД-АП ПРОЕКЦИЈА НА ВЕТРОБРАНСКОТО СТАКЛО
ЕНТЕРИЕР



ПОСЕТЕТЕ ГО САЈТОТ ОД ДЕКСТОП УРЕД
интерактивна презентација на

НОВИОТ VOLKSWAGEN GOLF 8
