Slide 1
Slide 1

Новитети

G70 Shooting Brake е нов европски адут за Genesis

Slide 1
Slide 1

14/05/2021

Непосредно по официјализирањето на информацијата дека Genesis конечно ќе биде достапен како бренд на неколку поголеми европски пазари, стигна и премиерата на G70 Shooting Brake.

Купувачите во Европа посебно ги ценат комби изведбите од средната класа, таму доминираат германските премиум брендови, па затоа и Genesis реши да влезе во клубот и уште од почеток на своето комерцијално присуство да има автомобил во овој формат.

G70 Shooting Brake уште од почетокот на подготовка е европски ориентиран модел, па 4,68 метри долгото комби ќе заведува со динамична силуета, просторност и комфор во кабината и многу напредна технологија.

Genesis уште летово ќе ги понуди првите примероци во Германија, Велика Британија и Швајцарија, а подоцна ќе се проширува списокот со земји во кои ќе биде достапен корејскиот премиум бренд.

Купувачите на почетокот на располагање ги имаат и седанот G80 и SUV моделот GV80, a потоа и целата гама со ознака 70 во името.

Повеќе содржини за премиум брендови:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“