Slider

Вести

Geely доби 30.000 нарачки за кросоверот за кој тврди дека има заштита од коронавирусот

Slider

Во екот на паниката која се шири поради коронавирусот, Geely потенцираше дека во Icon е вграден најнов систем за прочистување на воздухот, кој меѓу другото ќе ги елиминира и опасните бактерии и вируси

27/02/2020

Кинескиот производител Geely се пофали со 30.000 порачки за својот нов модел Icon, а истите се направени уште по објавувањето на првите фотографии и детали за кросоверот.

Предиспозициите на Icon се големи, тој навистина е модерен SUV кој располага со квалитетна содржина, но се чини дека најголем ефект врз неговата популарност имаше најавата дека е вооружен со поголема заштита за патниците од вируси и бактерии.

Во екот на паниката која се шири поради коронавирусот, Geely потенцираше дека во Icon е вграден најнов систем за прочистување на воздухот, кој меѓу другото ќе ги елиминира и опасните бактерии и вируси, што производителот умешно го претстави и како начин за поголема заштита и од во моментов најголемата причина за страв меѓу жителите на Кина, но и на другите континенти.

Од друга страна, Icon доби трендовски дизајн во чие креирање учествувале дизајнерските студија на пет континенти, располага со второ ниво на автономно возење што подразбира и радари, камери и адаптивен темпомат. Внимателно е изработен и ентериерот кој гарантира пријатен амбиент, како и дигитализиран простор со два 10,25-инчни екрана.

Понудата на Geely за овој модел е со 1.5-литарски бензински мотор кој ќе биде благ хибрид поради вградената 48V технологија, со чија помош погонската единица ќе стигне до 188 коњски сили.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider