Skip to content

Новитети

Genesis го најави својот прв SUV, моделот кој го доби името GV80

Genesis досега се претставуваше на одреден број пазари со седаните G70, G80 и G90, па со GV80 влегува на нова територија или во сегмент кој е глобално најпопуларен во моментов

02/01/2020

Премиум брендот Genesis jа отвори новата 2020 година, откривајќи го изгледот на својот прв SUV модел, кој ќе го носи името GV80.

Членот на Hyundai Motor групацијата има големи амбиции во сегментот каде досега не беше присутен, па затоа и најавува долго развиван и предизвикувачки конципиран автомобил кој ќе ги заинтересира купувачите по официјалната комерцијализација.

Genesis GV80 користи целосно нова платформа предвидена за погон на задните тркала, а премиерата на моделот се очекува во текот на оваа 2020 година.

Меѓу опциите на GV80 ќе бидат трите реда седишта, како и погонот на четири тркала, додека производителот најавува и многу технолошки иновации поврзани со инфо-забавниот систем и безбедноста.

– Изминатите четири години Genesis се етаблираше како респектабилен луксузен бренд со врвен квалитет на автомобилите и импресивни седани со уникатен и харизматилен стил, – истакнува Вилијам Ли, извршен потпретседател и глобален директор на Genesis.

Genesis досега се претставуваше на одреден број пазари со седаните G70, G80 и G90, па со GV80 влегува на нова територија или во сегмент кој е глобално најпопуларен во моментов.

Првиот човек на дизајнерскиот тим, Лук Донкерволке, најави дека првиот SUV ќе го најави и новиот дизајнерски јазик на брендот.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend