Slide 1
Slide 1

Новитети

Генијалниот Citroën Аmi доби и карго изведба

Slide 1
Slide 1

05/05/2021

Фактот што електричниот Citroën Ami е достапен само на одредени европски пазари не го намалува значењето на генијалниот концепт на Французите, кој не е наменет за големи комерцијални успеси, туку да ги доближи електричните решенија за мобилноста до купувачите кои сакаат најбрзо, наједноставно и најеколошки да ги реализираат своите секојдневни обврски во урбаните средини.

Производителот реши да оди чекор напред и денеска го претстави My Ami Cargo, специфичната изведба во вид на комерцијално возило, чиј приоритет ќе биде пренесување на предмети и производи низ градовите.

Возачот на My Ami Cargo на располагање има капацитет од вкупно 400 литри, а благодарение на модуларниот дел каде е совозачкото седиште, корисната носивост на електричното возило е 140 килограми.

– My Ami Cargo нуди генијално решение за новите предизвици на професионалците, кои имаа потреба да пренесуваат добра во возило што е паметно, функционално, електрично и економично. Се одликува со конвенционален и модуларен корисен волумен, нудејќи и решение за електрична мобилност што е агилно, безбедно и уникатно.

– Тоа е возило кое обезбедува конкретно решение во испорака во последен километар, особено кога станува збор за мали пратки, чијшто волумен во последните месеци се зголемува во нагорна линија. My Ami Cargo претставува вистински деловен потенцијал, според првичното мислењето на различните деловни партнери со кои остваривме контакти. Оваа понуда ја комплетира програмата на Citroën за комерцијални возила, каде сега секој модел нуди и електрична верзија, – вели Лоренс Ансен, одговорната за секторот производ и стратегија во Citroën.

My Ami Cargo располага со 5,5 kWh батерија која се полни за три часа, а обезбедува автономија од 75 километри со едно полнење. Максималната брзина како и кај класичниот Ami, е ограничена на 45 км/ч, што го објаснува и фактот зошто ова електрично возило долго 2,41 метри, во голем број европски земји може да се вози и без возачка дозвола.

My Ami Cargo е погоден за урбани услуги за испорака, кои се мултиплицираат, особено со растот на е-трговијата и со достава на храна до својот дом. Станува збор за корисно решение за многу други намени, вклучително и локални услужни фирми (водоводџии, електричари и бравари), трговци-поединци како медицински сестри, административци, локални власти и здруженија. My Ami Cargo е наменет за индустриски подрачја, каде одреден број на вработени реализираат повеќекратни посети од една структура до друга за достава на документи, алат, мала опрема и сл., за повеќе намени и инфраструктури во туризмот, како што се кампови, со што се прави значителен број на кратки патувања на дневна основа со цел информирање или помош за своите клиенти.

Повеќе содржини за Citroën:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“