Slider

Стории

Германците добија најголеми субвенции досега, електричните изведби почнуваат од 10.000 евра

Slider

за автомобилите чија нето цена не надминува 40.000 евра, за купување автомобил може да се добијат субвенции, односно пониска цена за дури 9.480 евра, што значи драстично намалување кај помалите изведби

19/06/2020

Германија реши да ги зголеми субвенциите за купување електричен или плаг-ин хибрид автомобил, очекувајќи да ги охрабри купувачите не само да инвестираат во нов автомобил, туку тој да биде со погон кој ќе обезбеди и еколошки ефект.

Во периодот кога на автомобилската индустрија и треба помош од државата, германската влада реши да ги зголеми субвенциите и да го намали данокот на додадена вредност од 19 на 16 проценти за изведбите со електричен или PHEV погон.

Тоа во пракса значи дека за автомобилите чија нето цена не надминува 40.000 евра, за купување автомобил може да се добијат субвенции, односно пониска цена за дури 9.480 евра, што значи драстично намалување кај помалите изведби.

Германците планираат да потрошат 2,2 милијарди евра до крајот на следната година за овој тип субвенционирање и уште 2,5 милијарди евра за инвестиции во инфраструктурата за полнење, надевајќи се дека купувачите се полесно ќе се одлучуваат за збогување со моделите со класичен мотор со внатрешно согорување, или барем преодна фаза со плаг-ин хибрид.

Според анкетите, останува скептицизмот во однос на бројот на полначи и целосната инфраструктура, но следните чекори со најавената инвестиција и се поголемата автономија на автомобилите би требало да донесат позитивен ефект.

Разликите во цени со помош на овој специјален бонус не се мали, па на пример за електричната изведба на Seat Mii треба да се плати 10.649 евра или речиси двојно помалку од стандардната цена од 20.129 евра.

Кај електричните возила со нето цена меѓу 40.000 и 65.000 евра, вкупниот бонус е 7.500 евра, додека кај плаг-ин хибридите вкупните субвенции во овие две групи се 7.110, односно 5.925 евра.

Продажни цени со пакетот субвенции во Германија (во евра)
Електрични изведби со цена до 40.000 евра

BMW i3 (120 Ah) 27.562
BMW i3s (120 Ah) 31.071
Citroen Berlingo Electric 16.492
Citroen C-Zero 11.770
Hyundai Ioniq Electric 24.540
Hyundai Kona Electric 24.052
Kia e-Niro 136 Edition 24.920
Mini Cooper SE 22.200
Nissan Leaf Visia (24 kWh) 19.047
Opel Corsa-e Edition 20.379
Peugeot e-208 Active 20.202
Renault Zoe Life 20.705
Seat Mii electric 10.649
Skoda Citigo iV Ambition 10.941
Smart EQ Fortwo 11.906
Tesla Model 3 Standard RWD Plus 36.218
Volkswagen e-Golf 24.540
Volkswagen e-Up 11.940

Продажни цени со пакетот субвенции во Германија (во евра)
Електрични изведби со цена меѓу 40.000 и 65.000 евра

Audi e-tron 50 quattro 59.457
Jaguar I-Pace EV400 S 67.451
Mercedes EQC 400 4Matic 61.584
Polestar 2 48.540
Tesla Model 3 Long-Range RWD 43.841
Tesla Model 3 Performance AWD 58.853
Tesla Model S 61.699
Volkswagen e-Crafter 54.624
Volvo XC40 Recharge P8 R-Design 52.536

Продажни цени со пакетот субвенции во Германија (во евра)
Плаг-ин хибрид изведби со цена до 40.000 евра

Audi A3 Sportback 40 e-tron 27.884
BMW 225xe 31.540
BMW X1 xDrive25e 37.389
Ford Kuga ST-Line 33.148
Ford Kuga Vignale 37.535
Hyundai Ioniq PHEV Trend 22.036
Kia Ceed SW PHEV Vision 26.997
Kia XCeed PHEV Vision 27.972
Mercedes A 250 e 29.250
Mercedes C 300 e 38.437
Mini Cooper SE Countryman ALL4 29.542
Mitsubishi Outlander PHEV 31.871
Opel Grandland X Hybrid Business 35.234
Peugeot 508 Hybrid Allure 35.780
Skoda Superb Combi iV Ambition 34.406
Toyota Prius PHEV 29.152
Volkswagen Golf GTE 29.207
Volkswagen Passat GTE 36.555

Продажни цени со пакетот субвенции во Германија (во евра)
Плаг-ин хибрид изведби со цена меѓу 40.000 и 65.000 евра

Audi A6 50 TFSI e quattro 51.295
Audi Q5 50 TFSI e quattro 46.567
Audi Q7 55 TFSI e quattro 67.866
BMW 330e 44.325
BMW 530e 48.858
BMW X3 xDrive30e 49.540
BMW X5 xDrive45e 69.426
Ford Explorer ST-Line 3.0 68.159
Mercedes C 300 de 41.942
Mercedes E 300 e 47.783
Mercedes GLC 300 e 4Matic 48.769
Peugeot 3008 Hybrid4 GT 43.594
Skoda Superb iV Sportline 40.562
Volvo S60 Recharge T8 Inscription Ex. 51.733
Volvo S90 Recharge T8 R-Design 61.384
Volvo XC40 Recharge T4 Inscription Ex. 41.303
Volvo XC60 Recharge T6 AWD Inscription Ex. 59.970
Volvo XC90 Recharge T8 AWD Inscription Ex. 69.426

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider