Вести
Германците минатата година купиле речиси 200.000 електрични автомобили
Пандемијата го забрза процесот на електрификација, а тоа посебно се чувствува во Германија каде државата ги зголеми субвенциите и на тој начин влијаеше на рекордната годишна продажба на моделите со електричен погон.
Официјалните информации велат дека во 2020 година биле продадени 194.163 возила на електричен погон, рекордна бројка на најголемиот европски пазар, што подразбира и зголемување од над 200 проценти во однос на претходната 2019 година.
Вклучувајќи ги плаг-ин хибридите, електрифицираните автомобили стигнаа до пазарен удел од 13,5% во Германија, или речиси секој седми автомобил користи батерија во својата погонска единица.
Најголем удел кај електричните претставници има Volkswagen, кој со е-Golf, e-Up и новите ID.3 и ID.4, стигна до вкупна бројка од 46.193 продадени примероци, а потоа следуваат Renault (31.477) и Tesla(16.694).
Најпродаван модел е Renault Zoe со 30.376 примероци, по што следуваат VW e-Golf со 17.438 и Tesla Model 3 со 15.202 примероци.
Зголемување на понудата во 2021 година, посебно во SUV сегментот е најава за дополнително зголемување на продажбата, а Германците имаат „ветер во грб“ и со државните субвенции кои кај автомобилите со вредност до 40.000 евра стигнуваат до околу 9.000 евра.
Топ 10 најпродавани електрични автомобил во Германија (2020 година)
Повеќе содржини за електрични автомобили: