Slider

Стории

Германците се ближат до 50 милиони регистрирани автомобили, секој петти е Volkswagen

Slider

Лидерот лесно може да се претпостави, продажниот бестселер Volkswagen Golf е најчеста слика на германските патишта, па според оваа статистика, во Германија се возат 3,72 милиони примероци на компактот кој веќе вози во својата осма генерација

31/05/2020

Возниот парк во Германија се зголемил за 1,3 проценти и на почетокот на оваа 2020 година биле регистрирани над 47 милиони автомобили.

Ова е официјалната статистика објавена од Федералната агенција за транспорт (KBA), како преглед на промените меѓу две години, а во ситуацијава се однесува на пресекот направен во текот на јануари.

Во Германија на годишно ниво се регистрираат 47.715.977 автомобили, или нешто помалку од 700.000 примероци повеќе во однос на претходната година.

Лидерот лесно може да се претпостави, продажниот бестселер Volkswagen Golf е најчеста слика на германските патишта, па според оваа статистика, во Германија се регистрирани 3,72 милиони примероци на компактот кој веќе вози во својата осма генерација.

Не само што е прв, Golf има и над двојно повеќе примероци од второпласираниот Volkswagen Polo, кој последната година бил регистриран во 1,49 милиони примероци.

Следуваат уште еден тандем, овој пат на Opel, при што Corsa и Astra годинава си ги заменија местата со нешто повеќе од 1,19 милиони претставници, а разликата меѓу супкомпактот и компактот е минимална.

Замена на позиции се случи и меѓу два големи премиум ривала, па Mercedes C-Class со 1,073 примероци го освои петтото место пред BMW 3 Series, кој падна на шестото место со 1,071 автомобили.

Последниот модел кој има над милион регистрирани автомобили е Volkswagen Passat (1,03 милиони), а потоа во Топ 10 следуваат Audi A4 (0,94 милиони), односно Ford Fiesta (876.200) и Ford Focus (845.262) со кои затвора првата десетка.

Статистиката открива дека за една година интересот за сите членови на Топ 10 друштвото е намалена, а SUV сегментот и покрај сериозниот раст од 20 проценти стигна до бројка од 3,77 милиони регистрирани автомобили, што е малку повеќе од индивидуалниот резултат на Golf. Притоа треба да се напомене дека KBA ги разделува SUV моделите од теренците, а за влезот во втората група се потребни одредени предуслови, меѓу кои и опција за погон на сите тркала.

Во однос на брендовите, Volkswagen ја одржува првата позиција со нешто повеќе од 10 милиони регистрирани автомобили, по што следуваат Mercedes (4,5 милиони), Opel (4,35 милиони), Ford (3,49 милиони) и BMW (3,29 милиони).

Анализата на возниот парк од над 47 милиони автомобили покажува дека за една година најголем процентуален раст имаат Dacia (+11,7%), Jeep (+11,2%) и Seat (+7,5%). Во овој период најмногу загубиле Chrysler (-20,4%), Lancia (-9,3%) и Daihatsu (-8,9%).

Учество на брендови во бројот на регистрирани автомобили во Германија
1. Volkswagen 21,1%
2. Daimler 10,2%
3. Opel 9,1%
4. BMW 8,0%
5. Ford 7,1%
6. Audi 6,6%
7. Skoda 4,8%
8. Renault 3,8%
9. Fiat-Chrysler 3,3%
10. Toyota 2,8%

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider