Slide 1
Slide 1

Стории

Германија стана втор најголем EV пазар во светот, Volkswagen ја стигнува Tesla

Slide 1
Slide 1

10/03/2021

Државните субвенции кои достигнаа до 9.000 евра им овозможи на купувачите на нови автомобили во Германија да направат вистински бум во однос на продажбата на електрифицирани возила.

Според бројките во кои се вклучени електричните автомобили и плаг-ин хибридите, Германија ги потисна Соединетите Американски Држави на третото место и сега се наоѓа само зад глобалниот лидер Кина.

Во 2020 година, во Германија биле продадени речиси 395.000 примероци, што е раст за 264 проценти во однос на претходната година.

Кина останува број еден со 1,25 милиони продадени електрифицирани возила, што е речиси третина од глобалната продажба од 3,18 милиони, но минатата година растот бил само 3 проценти.

Позитивен е и фактот што ако се имаат предвид бројките од цела Европа, продажбата пораснала за 134 проценти до 1,37 милиони возила и веќе е надмината Кина од овој аспект.

Зад првите две земји следуваат САД (322.000), Франција (195.000), Велика Британија (175.000) и Норвешка (108.000).

Во однос на брендовите, анализата на 19 најголеми пазари за електрифицирани автомобили покажува дека Tesla останала број еден во 2020 година, со околу 500.000 примероци, но Volkswagen опасно се наближува со 422.000 продадени автомобили.

Следуваат кинески SAIC, BMW, BYD и Daimler.

Во анализата не биле вклучени самополнечките и благите хибриди, а во однос на возилата на погон на водород, во 2020 година биле регистрирани само 9.000 на глобално ниво.

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови