Slider

Вести

Германскиот пазар загуби третина од продажбата во јануари, најголем победник е Cupra Formentor

Slider

11/02/2021

Германскиот автомобилски пазар доживеал сериозен удар во јануари, бидејќи официјалните бројки велат дека во оваа земја биле продадени 169.754 нови автомобили, што е пад за 31,1% во однос на истиот месец на почетокот на 2020 година.

Пандемијата и компликациите со недостаток на одредени делови ја усложнуваат работата за производителите, а токму статистиката од најголемиот европски пазар се показател дека и оваа година нема да биде едноставна во однос на реализација на зацртаните цели.

Со над 70.000 помалку продадени примероци, јасно е дека сите производители загубиле дел од колачот, а тоа го покажуваат и бројките на најпродаваните модели.

Volkswagen Golf ја задржа првата позиција со 6.404 продадени примероци, но загубил 47,5 проценти од продажбата во споредба со ланскиот јануари.

Во Топ 5 се уште VW Passat, VW Tiguan, Mercedes C-Class и Opel Corsa, a Skoda Octavia на шестото место останува најпродаван модел од негермански бренд и што е поважно со пад од само 2,6% во однос на истиот месец во 2020 година.

Ако треба да се бара победник во продажната статистика, тогаш тоа е Cupra Formentor. Првиот самостоен модел на перформанс брендот стигнал до 1.191 купувач, што е одлична најава за интересот кон оваа марка меѓу германските купувачи на спортски модели.

Електричните автомобили имаат раст ако се споредуваат јануарските бројки, но и сериозен пад ако се споредува со декември 2020 година, месец во кој производителите се „бркаа“ и со просекот за остварување на еколошките норми во ЕУ.

Електричен бестселер е Volkswagen ID.3, кој во јануари бил регистриран од 1.799 нови сопственици, бројка која го носи на 25. место во генералниот пласман. Пад на продажбата има Renault Zoe (1.166), додека Tesla Model 3 не е ни во Топ 50 со 422 продадени примероци.

Најпродавани модели во Германија (јануари 2021)

1. VW Golf 6.404
2. VW Passat 5.235
3. VW Tiguan 4.784
4. Mercedes C-Class 3.474
5. Opel Corsa 3.345
6. Skoda Octavia 3.314
7. BMW 3 Series 3.145
8. Opel Astra 2.997
9. VW T-Roc 2.981
10. Mercedes GLC 2.977

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider