Slider

Вести

Германскиот суд забрани Tesla да го користи терминот „Autopilot“

Slider

Германскиот суд смета дека користењето на овој термин во продажни и маркетинг цели ги става во заблуда купувачите, бидејќи тие не добиваат целосно автономен автомобил, туку автомобил во кој постојано мора да ја следат ситуацијата и да бидат подготвени да реагираат

16/07/2020

Судот во Минхен ја прифатил иницијативата на локално тело за заштита од нелојална конкуренција, кое побарало забрана за користење на терминот „Autopilot“ (Автопилот) од страна на производителот Tesla.

Германскиот суд смета дека користењето на овој термин во продажни и маркетинг цели ги става во заблуда купувачите, бидејќи тие не добиваат целосно автономен автомобил, туку автомобил во кој постојано мора да ја следат ситуацијата и да бидат подготвени да реагираат.

Tesla најавува дека до крајот на годината навистина ќе понуди целосно автономно управување во своите автомобили, но засега нема да смее да користи вакви термини на германскиот пазар, посебно што ваквиот вид управување се уште не е дозволен во оваа европска земја.

– „Автопилот“ не значи автономно управување. Тој е во автомобилот да му асистира на возачот, а не да се претвори во невидлив возач. Ја поддржуваме одлуката на германскиот суд, бидејќи терминот со кој е именуван системот прави заблуда, – вели Метју Ејвери, кој е дел од експертите на Euro NCAP.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider