Slide 1

Вести

Германските брендови победија во безмалку сите категории во изборот “Златен Волан” на AutoBild

Slide 1

Интересно е што оваа година, со првото место во категоријата до 35.000 евра, Toyota GR Yaris е единствениот претставник на бренд, односно групација која не е од Германија.

16/11/2021

Уредничкиот тим на AutoBild во рамките на годишниот, 45-ти по ред избор на “Златен Волан”, ги додели наградите за најдобар автомобил поделени во повеќе категории”. 

Интересно е што оваа година, со првото место во категоријата до 35.000 евра, Toyota GR Yaris е единствениот претставник на бренд, односно групација која не е од Германија.

Имено, од пред две години во рамките на изборот “Златен Волан” се воведени категориите за најдобри автомобили до 25.000 евра и до 35.000 евра.

Што се однесува до останатите категории, во прилог се победниците:

  • Мали и компактни автомобили: Cupra Leon
  • Мали и компактни електрични автомобили: Cupra Born
  • Средна и висока класа: Porsche Panamera
  • Електрични автомобили од средна и висока класа: Mercedes EQS
  • SUV: Cupra Formentor
  • Електричен SUV: Skoda Enyaq iV
  • Спортски автомобил: BMW M4
  • Ван, семејно возило: Mercedes EQV
  • Најдобар автомобил под 25.000 евра: Opel Mokka-e
  • Најдобар автомобил под 35.000 евра: Toyota Yaris GR
  • Најубав автомобил: Audi e-tron GT
  • Најдобра иновација: електричен погон од Schaeffler 

Форматот на избророт кој се одржува секоја година уште од 1976-тата, е поделен во три фази. Во првата фаза, уредничкиот тим им нуди на читателите на весниците Bild и Bild am Sonntag селекција од автомобили во секоја категорија. Во втората фаза читателите избираат по три финалисти во секоја од категориите. Потоа следи финално тестирање на тест патеката на Декра во близина на границите со Полска и Чешка, по што, победникот го избира стручно жири составено од членови избрани од страна на Axel Springer, издавачката куќа на двата весника.

Исклучок се категориите за најдобар автомобил до 25.000/односно 35.000 евра, каде и номинациите и изборот се дел на новинарскиот дел на AutoBild. Годинава Mokka-e го наследи Hyundai i20 – изборот на жирито во категоријата до 25.000 евра за минатата година. Што се однесува до изборот во категоријата за најдобар автомобил под 35.000 евра, тука Toyota Yaris GR ја презема титулата од минатогодишниот победник – Seat Leon.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental