Вести

Германските производители губат 360 милиони евра дневно во кризниот период

Професорот Фердинанд Дуденхефер кој важи за експерт за оваа индустрија грубо пресмета дека секој „промашен“ ден ќе ги чини германските производители по 360 милиони евра

24/03/2020

Привременото затворање на фабриките не е единствениот проблем за германските автомобилски производители, бидејќи ограничувањата и несигурноста кои ги створи пандемијата со коронавирусот ќе имаат сериозно влијание и врз продажбата.

Фердинанд Дуденхефер кој важи за експерт за оваа индустрија грубо пресмета дека секој „промашен“ ден ќе ги чини германските производители по 360 милиони евра.

– Минатата година, групациите Volkswagen, Daimler и BMW прокнижија 530 милијарди евра, а 15 проценти од нив, односно 80 милијарди евра отпаѓаат на амортизација и камати. Овој трошок останува дури и кога фабриките се затворени и нема продажба.

– Дополнително, ќе има плус трошоци за плати иако дел од вработените ќе работат скратени смени. Ако се знае дека годинава има 220 работни дена, секој ден без обрт ги чини компаниите по 360 милиони евра, – грубо пресметува Дуденхефер.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider