Slide

Вести

Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024

Slide

Директорот на BMW, Оливер Зипсе го рпетставува i4 во Женева 2020 година.

26/10/2023

Mercedes, BMW, Audi и VW нема да учествуваат на Geneva Auto Show, настан кој треба да се одржи по четиригодишна пауза.

Имено, германските производители BMW, Mercedes-Benz и VW Group веќе потврдија дека нема да земат учество на настанот кој ќе се одржи на почетокот на март следната година.

“По внимателно анализирање, Mercedes-Benz нема да учестувва на 2024 Geneva Motor Show”, изјави претставник за медиумите од Mercedes.

Од Audi стингува слична изјава: “Нема да учествуваме во 2024. Но ова не е опша одлука против Женева”, се вели во соопштението.

BMW нема да учествува на настанот по реорганизацијата на своите маркетинг активности според концептот “social first”, што значи дека ќе ги користи социјалните медиуми.

“Ние воведовме и наши нови формати на презентација како што е NextGen, а истовремено ги напуштивме дел од тековните формати”, изјавија од BMW. “Помеѓу нив се и Женева, Париз и Детроит. Заради тоа нема да учествуваме во Женева во 2024 година.”

Иста е одлуката и на производителот Volkswagen. Но, сестринските брендови во рамки на групацијата како што се Skoda, Cupra и Porsche сѐ уште не донеле конечна одлука. Но, сепак, мала е веројатноста тие да учествуваат.

Мала е веројатноста за учество и на брендовите во рамки на Stellantis групацијата, како што се Citroen, Fiat и Opel. Имено, групацискиот директор Карлос Таварес е против трошење на големи финансиски средства за учество на вакви настани.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба