Slide 1
Slide 1

Вести

Ги откриваме четирите електрични модели кои BMW ќе ги лансира во следните 2 години

Slide 1
Slide 1

Oд почетокот на јули во фабриката во Динголфинг веќе се произведува моделот iX, електричниот SUV кој веќе есенва треба да пристигне во автомобилските салони.

24/08/2021

Во следните две години BMW Group ќе лансира четири електрични модели, со што германскиот премиум производител ќе ја забрза транзицијата кон комплетна електрификација на својата гама.

“Целосно сме посветени на развој на електрични автомобили во сите сегменти каде што има логика тие да се имплементираат” – изјави Оливер Зипсе, извршниот директор на BMW.

Електричните верзии на 7-Series и X1 се очекува да пристигнат веќе следната година.

Потоа, во 2023 подготвени за лансирање ќе бидат и електричните 5-Series и Mini Countryman.

“До 2023 во безмалку секој сегмент ќе имаме електрична изведба во понудата. Целта ни е да произведеме околу 10 милиони електрични автомобили во следните 10 години”, додаде Зипсе за време на состанокот со акционерите на почетокот на август годинава.

Електричните 7-Series и 5-Series ќе се произведуваат во Германија, во фабриката на BMW во Динголфинг.

Во истата фабрика од почетокот на јули веќе се произведува моделот iX, електричниот SUV кој веќе есенва треба да пристигне во автомобилските салони. Електричниот седан i4, пак, се произведува во фабриката на BMW во Минхен.

И електричните изведби на X1 и Mini Countryman ќе се прозиведуваат во Германија. За нив се резервирани истите фабрики каде што веќе се произведуваат изведбите со мотори со внатрешно согорување: X1 во Регенсбург, а Mini Countryman во Лајпциг.

Во моментов електричната понуда на BMW Group ја сочинуваат три модели кои се произведуваат во три различни земји: хеџбекот i3 се произведува во Лајпциг, iX3 – во Кина, како и Mini Electric, кој се произведува во фабриката на Mini во Оксфорд, Англија.

Во моделот iX ќе дебитира и новиот оперативен систем, кој е специјално креиран за 5G мрежата. 

Системот го сочинуваат нова генерација на дисплеи и софтверски компоненти. Потоа “Operating System 8” ќе биде вграден и во следните модели. 

Големи промени се очекуваат по 2025 година, кога ќе биде подготвена новата “Neue Klasse” платформа. Модуларната платформа првенствено ќе биде наменета за производство на електрични модели, но сепак, нема да биде исклучена можноста да се користи и за производство на возила со дизел или бензински мотори, како и плаг-ин хибриди.

Се очекува новата платформа да биде многу флексибилна и модуларна. Таа треба да овозможи интересни аеродинамични дизајни со различни пропорции и повеќе простор во ентериерот. Од 2025 година таа ќе се користи за сите модели на BMW Group, BMW, Mini, па и моделите на Rolls-Royce.

“Neuse Klasse” ќе воведе нова софтверска архитектура, како и нов електричен погон со високи перформанси.” – завршува Зипсе.

BMW очекува продажбите на електрични автомобили да имаат раст од 50% на годишно ниво, што, ако се оствари, ќе доведе до безмалку 10 пати поголема продажба во 2025 споредено со 2020 година.

До крајот на 2025 производителот очекува да испорача околку 2 милиони електрични возила, при што нивниот удел ќе биде 25% од вкупната продажба на BMW Group.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

 

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање