Маск испрати сериозна порака до германските ривали, најавувајќи дека следната фабрика ќе ја гради во близина на германскиот главен град, а исто така планира изградба на дизајнерски и инженеринг центар во околината на новиот аеродром во Берлин
Германските автомобилски производители веќе ја започнаа моделската офанзива со електрични модели, со која со мало задоцнување, директно ќе одговорат на предизвикот на Tesla Motors.
Но, американската компанија дефинитивно нема да се откаже од правото на свој одговор, а главните цели на сопственикот Илон Маск е зголемување на гамата, како и отворање на таканаречените „Гигафабрики“.
Маск испрати сериозна порака до германските ривали , најавувајќи дека следната фабрика ќе ја гради во близина на германскиот главен град, а исто така планира изградба на дизајнерски и инженеринг центар во околината на новиот аеродром во Берлин.
Првично, Маск ја објавил информацијата на доделување на награда од магазинот „Auto Bild“ за Model 3 , а потоа ја потврди и преку својот Твитер профил.
🖤♥️💛 GIGA BERLIN 💛♥️🖤
— Elon Musk (@elonmusk) November 12, 2019
Will build batteries, powertrains & vehicles, starting with Model Y
— Elon Musk (@elonmusk) November 12, 2019
Дел од медумите, меѓу кои и „Фајненшл тајмс“ најавуваат дека производството во оваа германска фабрика би требало да започне во 2021 година и таму ќе се произведуваат најдостапните модели, односно Model 3 и Model Y.
Tesla Motors се подготвува да започне со продажба на првите примероци произведени во фабриката изградена во близината на Шангај, а отворањето на фабрика во срцето на европската авто-индустрија ќе биде сериозна порака до домашните производители.
Сепак, иако на прв поглед проектот изгледа како едноставна мисија, Германија е посебно специфична поради големите трошоци за работна сила и енергија, но и потребата од развиена дистрибутивно-сервисна мрежа.