Slider

Вести

Гиганти од Женева: Десет модели кои се покажале како одлична инвестиција

Slider

На списокот е модел како Porsche 356/2 (фото), автомобил кој дебитирал во 1949 година, а денеска секој негов примерок вреди повеќе од 800.000 фунти, тука се и Lamborghini Miura P400, Ferrari Dino 246 GTS, оригиналниот Range Rover и други

06/03/2020

Автомобилската индустрија најде начин да амортизира барем дел од очекуваните придобивки од откажаниот Саем во Женева, а актуелната ситуација наведува на заклучок дека најголем дел од премиерно прикажаните автомобили побрзо ќе стигнат во продажните салони од што ќе добијат саемска промоција.

Но, долгата историја на Саемот во Женева испорачува оптимизам дека веќе следната година работите ќе се вратат во нормала, а премиерите во халите на „Палекспо“, што ќе биде нова можност за соочување со „некои нови дечки“, подготвени да испишуваат историја.

Во минатото и 75-годишната историја на овој настан имало многу важни премиери, сериозни успеси почнале да се креираат од првото појавување покрај Женевското Езеро, а дел од нив се претворија и во вистинско богатство за оние кои навреме си набавиле примерок.

Компанијата „JBR Capital“ направи интересен пресек на култни автомобили кои дебитирале во Женева, а сега имаат многу поголема вредност, нешто за што и самиот креатор на овој ранкинг е експерт.

На списокот е модел како Porsche 356/2, автомобил кој дебитирал во 1949 година, а денеска секој негов примерок вреди повеќе од 800.000 фунти, тука се и Lamborghini Miura P400, Ferrari Dino 246 GTS, оригиналниот Range Rover и други.

Деби Модел Цена при лансирање* Актуелна вредност* Промена на вредност
1949 Porsche 356/2 3.000 од 800.000 +26.566%
1966 Lamborghini Miura P400 15.000 од 1.000.000 +6.566%
1970 Range Rover 1.528 80.000** +5.135%
1972 Ferrari Dino 246 GTS 11.000 од 250.000 +2.172%
1989 Alfa Romeo SZ 35.000 од 70.000 +100%
1995 Ferrari F50 350.000 1.500.000 +328%
2003 Porsche Carrera GT 330.000 од 650.000 +96%
2004 Maserati MC12 500.000 од 2.000.000 +300%
2009 Aston Martin One-77 1.200.000 1.500.000 +25%
2015 Ford GT 450.000 800.000 +77%

* во фунти
** реставриран

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider