Slide

Вести

Гламурозното полициско Ferrari од 1962 година достапно за колекционерите

Slide

Автомобилот е произведен во 1962 година, а бил купен од полицијата на сугестија на еден нејзин член, офицерот Армандо Спатафора кој сакал да им стави крај на криминалците кои со помоќни автомобили успевале да им побегнат на „карабинерите“, кои во тоа време обично располагале со Alfa Romeo 1900 и 2600

21/04/2020

Компанијата Girardo & Co. ја потврди продажбата, на како што го најавуваат најгламурозниот полициски автомобил во историјата.

Се работи за одлично сочуван примерок на Ferrari 250 GTE 2+2 Series II со број на шасија 3999, кој своевремено бил единствениот патролен автомобил со вакво луксузно и спортско портфолио.

Автомобилот е произведен во 1962 година, а бил купен од полицијата на сугестија на еден нејзин член, офицерот Армандо Спатафора кој сакал да им стави крај на криминалците кои со помоќни автомобили успевале да им побегнат на „карабинерите“, кои во тоа време обично располагале со Alfa Romeo 1900 и 2600.

Четири претставници на полицијата ги тестирале моделите на Ferrari во Маранело и го избрале токму 250 GTE, кој ја добил вообичаената полициска црна боја и кожен ентериер. Ferrari произвел само два примерока со наставката Polizia, но едниот примерок имал кратка „кариера“ откако бил уништен во една полициска акција.

Полициското Ferrari 250 GTE го отслужил своето до 1968 година, во 1972 година е продаден на аукција и завршил кај познатиот колекционер Алберто Капели. Тој цели четири децении подоцна активно го одржувал и реставрирал автомобилот и со помош на синовите често го изложувал на најеминентните автомобилски изложби.

Во 2015 година, автомобилот добил нов сопственик, а Ferrari Classiche уште претходно му издал сертификат на автомобилот поради задржаните оригинални елементи.

Сега, Girardo & Co. во продажниот салон во Милано на располагање го има единственото Ferrari кое некогаш било полициски автомобил, а тој се продава за сума која јавно не е објавена.

1962 Ferrari 250 GTE Polizia1
1962 Ferrari 250 GTE Polizia3
1962 Ferrari 250 GTE Polizia4
1962 Ferrari 250 GTE2
1024_2000
1962 Ferrari 250 GTE Polizia

Exit full screenEnter Full screen

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди