Slider

Вести

Главниот дизајнер на Seat ја напушти функцијата, најавен и неговиот следен предизвик

Slider

52-годишниот шпански дизајнер првпат почна да работи во Seat во 1995 година, имаше и други функции во рамките на групацијата, за меѓу 2001 и 2011 година да биде дел од Renault

27/07/2020

Шпанскиот производител Seat денеска потврди дека досегашниот предводник на дизајнерскиот тим на бренд, Алехандро Месонеро-Романос заминува од својата позиција на сопствено барање.

52-годишниот шпански дизајнер првпат почна да работи во Seat во 1995 година, имаше и други функции во рамките на групацијата, за меѓу 2001 и 2011 година да биде дел од Renault.

Потоа, повторно се врати во редовите на Seat, при што ја доби највисоката функција во дизајнерскиот тим, а неговите решенија имаат важна улога во сериозниот раст на продажбата кој го регистрираше шпанскиот бренд.

Добро информираните европски медиуми велат дека Месонеро-Романос најверојатно повторно ќе се врати во Renault, овој пат на барање на новиот CEO, Лука Де Мео, кој исто така до пред неколку месеци беше на претседателската функција во Seat.

Искусниот дизајнер ќе биде ангажиран за да се обиде да го освежи дизајнот на францускиот производител, а негов претпоставен ќе биде Лоренс ван ден Акер, кој останува групациски шеф на дизајнот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider