Slide

Вести

Глобалната криза за чипови го одложува почетокот на продажбата на Nissan Ariya

Slide

04/06/2021

Производството и испораката на електричниот Nissan Ariya нема да започне пред крајот на годината, потврдил претставник на јапонскат компанија.

Електричниот SUV носи големи амбиции на Nissan во сегментот, но глобалната криза со снабдување со чипови и последиците од пандемијата ќе го одложат претходно најавеното темпо за испорачување на првите примероци до потенцијалните купувачи.

Првичниот план беше Ariya да ги освојува предвидените пазари на средина на годината, но сега стана јасно дека јапонскиот бренд нема да има вакви активности барем до зимските месеци.

Тоа подразбира доцнење од неколку месеци на испораката на пазарите во САД и Европа, а од Nissan најавуваат дека најглем интерес очекуваат на европските пазари.

Ariya е вториот електричен модел на Nissan по Leaf, кој постигна импресивни резултати и беше прв електричен автомобил во сериско производство.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели