Slide 1
Slide 1

Новитети

GMC го најави Hummer и како електричен SUV со 830 кс

Slide 1
Slide 1

06/04/2021

General Motors веќе најави дека легендарниот Hummer се враќа како електрично возило, а откако првично беше претставен во пик-ап формат, сега е најавена и SUV верзија.

Враќањето на Hummer доаѓа под брендот GMC, a SUV изведбата која ќе дебитира до 2024 година, ќе се соочи со моќните електрични ривали, вклучувајќи го најавениот Rivian R1S.

Како што доликува за еден Hummer, најавен е моќен погон со 830 коњски сили и спринт до 100 км/ч за помалку од 4 секунди.

Технолошките иновации ќе бидат заштитен знак на идниот електричен SUV, па GMC најави 17 камери со кои ќе се следи опкружувањето, но и подлогата под предниот дел на автомобилот, а тука е и CrabWalk технологијата која значи управување со задните тркала под ист степен со предните и можност за дијагонално движење.

Со помош на батеријата ќе биде достапна автономија до 480 километри, а електричниот GMC Hummer SUV ќе ја користи и најнапредната 800V технологија за полнење.

Во ентериерот, Hummer EV ќе добие 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 13,4-инчен централен екран.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови