Slider

Новитети

Hummer се врати како електричен ѕвер со 1.000 коњски сили

Slider

Погонот на четири тркала е логичен, производителот најави дека GMC Hummer ќе забрзува до 100 км/ч за само 3 секунди, истовремено потенцирајќи дека ова возило ќе воодушевува во извршување на оф-роуд задачи, доминирајќи со 35-инчните тркала, големиот клиренс и заштитата која ја добива на подвозјето

21/10/2020

General Motors повторно ќе го употребува името Hummer, но овој пат тој ќе претставува електричен пик-ап потпишан од GMC и ќе располага со фантастични 1.000 коњски сили.

Американскиот континент е главна цел на еден ваков автомобил, а GMC Hummer е најавен како подбренд, кој во иднина ќе има портфолио со повеќе електрични оф-роуд возила.

Досегашниот имиџ на Hummer е искористен во неговата реинкарнација, како инспирација за дизајнерите, а тоа ќе донесе и лесна препознатливост на улица, каде GMC Hummer ќе се расфрла со својот моќен двоен погон со три електро мотори.

Погонот на четири тркала е логичен, производителот најави дека GMC Hummer ќе забрзува до 100 км/ч за само 3 секунди, истовремено потенцирајќи дека ова возило ќе воодушевува во извршување на оф-роуд задачи, доминирајќи со 35-инчните тркала, големиот клиренс и заштитата која ја добива на подвозјето.

Автономијата со едно полнење е до 560 километри, а GMC Hummer ќе користи напредна 800V технологија и ќе поддржува полнење до 350 kW.

На купувачите во Северна Америка, најпрвин ќе им биде достапен Edition 1 изведбата, чија цена ќе изнесува 112.595 долари, a која подразбира и премиум ентериер со 13,4-инчен централен екран.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider