Slide 1

Стории

Годинава ќе се произведат четири милиони возила помалку заради недостигот од полупроводници

Slide 1

Новата фабрика на Bosch во Дрезден е обид на Европјаните да го зголемат производството на полупроводници на свој терен. Производство на полупроводници во новата фабрика на Bosch во Дрезден.

26/07/2021

Додека некои производители меѓу кои и BMW, се сериозно погодени од недостатокот на полупроводници, Toyota, на пример, релативно лесно ја пребродува кризата поради добро испланирани залихи.

Станува очигледно дека кризата со полупроводниците ќе биде проблем со кој автоиндустријата уште долго ќе се справува.

Аналитичарите од Gartner предвидуваат враќање во нормала кон почетокот на 2024 година. Дури тогаш ќе се оспособат продукциски капацитети за доволен обем на производство на овие делови.

Проблемот со полупроводниците се појави во турбулентен период за автопроизводителите кои во исто време се соочуваат со наметнатата електрификација и со кризата предизвикана од коронавирусот.

Од друга страна, иако звучи неверојатно, автомобилските производители немаат голема преговарачка моќ во комуникацијата со производителите на полупроводници.

Имено, дури и најголемите производители како Toyota и Volkswagen кои произведуваат над 10 милиони возила годишно, не се толку важен клиент во очите на производителите на полупроводници. Наместо нив, компании како Apple и Samsung го имаат статусот на “VIP” клиенти бидејќи тие годишно продаваат и по стотици милиони примероци од своите производи. Затоа нарачките на полупроводници на овие компании се далеку поголеми во споредба со оние на автомобилските производители.

3.9 милиони помалку произведени возила во 2021 

Заради ова, годинава се очекува да се произведат околу четири милиони возила помалку од планираното, што нанесува штета од околку 90 милијарди евра за автопроизводителите.

САД со акција за спас

За да се нормализира ситуацијата, Претседателот на САД, Џо Бајден организираше средба со лидерите на технолошките компании на која беа поканети и некои од директорите на автомобилските производители. Така, ноедамна на иста маса седнаа лидерите на Google, General Motors, Dell, Intel, како и корејскиот гигант Samsung и тајванскиот производител на полупроводници – TSMC. Последната, иако најмалку позната компанија, всушност е најголемиот производител на полупроводници во светот.

Автомобилските производители бараат поголема предвидливост во однос на испораките на овие важни компоненти, а Владата на САД се обврза за финансиска помош во износ од околу 40 милијарди евра за компаниите производители на полупроводници. 

Загрижувачка прогноза на директорот на Intel

Генералниот директор на Intel, Патрик Гелсингер прогнозира дека кризата ќе зафати поголем број на сектори во следните години. Неговата компанија ги реновира старите производствени капацитети за да го зголеми производството. Но, дополнителен проблем е тоа што производителите како Intel немаат можност за толку големо зголемување на производството за да се одговори на растот на побарувачката.

Намалување на производството во европските фабрики

Германскиот концерн Volkswagen Group на со сите сили се обидува да обезбеди нормален тек на производството во фабриките на своите брендови. Но, и покрај тоа, дел од фабриките на Шкода во Чешка неколку недели работеа со намален капацитет, а производството на VW во фабриката во Мексико беше целосно стопирано во одреден период.

Ford со дополнителни попусти за купувачите заради одложените испораки

И американскиот производител се соочи со недостаток на залихи заради проблеми со полупроводниците, што резултираше со доцнење на испораките. За да не ги изгуби клиентите кои веќе нарачале ново возило, Ford за домашните купувачи обезбеди околу 800 евра бонус, наречен “Retail Order Bonus Cash Certificate”. Оваа акција, од која беа исклучени новите модели Bronco и Mustang Mach-E, траеше до почетокот на месецов. 

И премиум производителите со слични проблеми

Иако BMW не претрпе голема штета како Ford и GM, сепак, недоволните залихи се чувствуваат во сите производствени капацитети. Слична е ситуацијата и со Audi и Mercedes, каде во првата половина на годината дел од фабриките во одредени периоди работеа со намален капацитет и покуси работни смени. И брендовите на Стелантис групацијата се соочени со сериозни предизвици кога се во прашања залихите со полупроводници. Во неодамнешното интервју кое го направивме со Линда Џексон, CEO на Peugeot, таа ни потврди дека овој проблем е безмалку секојдневна тема на состаноците на менаџментот.

Toyota како исклучок

Заради напуштање на “Just-inTime” системот на набавки – кој всушност е воведен токму од Toyota, овој јапонски производител претрпи најмали загуби. Имено, пред една деценија, по хаваријата во Фукушима, производството на Toyota беше погодено заради стопирање на работата во фабриките на дел од добавувачите. 

Тогаш менаџментот на Toyota одлучи да го смени системот на Just-In-Time набавки кој со децении се сметаше како поекономичен. Оваа промена, десет години подоцна започна да дава резултат, бидејќи залихите на Toyota беа доволни за да се амортизира намаленото производство од страна на добавуачите.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental