Skip to content

Вести

Големата германска тројка нема да учествува на Саемот во Њујорк

Најпрвин Mercedes и BMW потврдија преку медиумите дека ќе го скокнат настапот во Њујорк, а сега Audi го заокружи отсуството на „големата тројка“, што секако е удар по атрактивноста на њујоршкиот саем, кој од своја страна ја потврди информацијата

13/01/2020

Автомобилскиот саем во Њујорк секоја година привлекува повеќе од милион посетители, но и тоа не е доволно за да добие гарантирано внимание од сите производители.

Конкретен пример се германските брендови на кои сега им се приклучи и Audi и кои потврдија дека нема да учествуваат на саемската манифестација во 2020 година, закажана за периодот меѓу 10 и 19 април.

Најпрвин Mercedes и BMW потврдија преку медиумите дека ќе го скокнат настапот во Њујорк, а сега Audi го заокружи отсуството на „големата тројка“, што секако е удар по атрактивноста на њујоршкиот саем, кој од своја страна ја потврди информацијата.

Износот кој треба да се оддели за закупување штанд во Њујорк останува висок, па затоа и германските брендови најавија дека отсега ќе решаваат за учеството на секој саем од настан до настан, во зависност на тоа дали сметаат дека е потребно да се појават пред посетителите на класичен саемски начин.

Претставници на Audi потенцираат дека средствата кои нема да бидат потрошени на Саемот во Њујорк ќе бидат искористени за поинакво маркетиншко покривање. Најголеми губитници се чини се американските дилери на брендовите кои ќе и дозволат на конкуренцијата да добие предност со медиумската покриеност и актуелизацијата на нивните новитети, истовремено испуштајќи ја шансата да ги покаже своите модели пред милионски аудиториум кој ќе плати билет за да биде дел од настанот.

Изненадувањето кај нив е поголемо и поради фактот што Њујорк важи за најголем пазар на Audi во САД, а трендот ќе продолжи и на првото јунско издание на Саемот во Детроит, каде брендот од Инголштад исто така нема да има свој штанд.

За разлика од Mercedes, BMW и Audi, дел од најголемиот автомобилски настан во Њујорк ќе биде Porsche, а својата шанса ќе ја искористат и домашните брендови, но и производители како Lexus и Genesis.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend