Slider

Вести

Голф маратон: Колку топчиња може да проголта багажникот на Seat Tarraco (Видео)

Slider

Ориол и Марина Мартинез решија да утврдат колку топчиња ќе собере до полицата во багажникот на овој Seat и на крај стигнаа до бројка од 8.500 топчиња, за кои им требаше долго време да ги уфрлат, дури и по заобиколен пат

05/08/2020

Голфот ужива голема популарност низ светот, а фановите на овој спорт побрзаа да го искористат елиминирањето на карантинските мерки поради коронавирусот, за повторно да му се посветат на омиленото хоби.

Seat реши да ја искористи популарноста на голфот за промоција на својот најголем SUV, моделот Tarraco кој од минатата година е достапен на европските пазари.

Атрактивниот изглед, комфорот и просторот кој го добиваат патниците се дел од најважните квалитети на премиум опремениот Tarraco, но со помош на голф топчињата е истакната и капацитетот на неговиот багажник.

Ориол и Марина Мартинез решија да утврдат колку топчиња ќе собере до полицата во багажникот на овој Seat и на крај стигнаа до бројка од 8.500 топчиња, за кои им требаше долго време да ги уфрлат, дури и по заобиколен пат.

Со ваков ефект, професионалните голфери од Шпанија го потенцираа Tarraco како идеален автомобил за фановите на овој спорт.

Почетниот капацитет на багажникот на Tarraco е 760 литри, а со спуштање на задната клупа се добиваат 1.775 литри кај изведбите со три реда седишта и дури 1.920 литри кај купувачите кои нема да ја изберат за опцијата за седум седишта.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider