Slider

Вести

Гордост на Citroën: Третата генерација на Berlingo ја надмина границата од 200.000 продадени примероци

Slider

Година и пол откако им стана достапен на купувачите, Citroën Berlingo веќе е продаден во над 200.000 примероци, објави францускиот производител

11/03/2020

Година и пол откако им стана достапен на купувачите, Citroën Berlingo веќе е продаден во над 200.000 примероци, објави францускиот производител.

Третата генерација на мулти-функционалниот ван останува меѓу најзначајните претставници во својот сегмент, а во 2019 година Berlingo имаше дури 16 проценти пазарен удел во продажбата на лесни комерцијални возила, со што придонесе и за целосниот позитивен резултат на брендот на најзначајните европски пазари.

Две третини од продажбата на Berlingo отпаѓаат на LCV, а една третина на патничката верзија, а над 60 проценти од испорачаните примероци биле со повисоките нивоа на опременост Feel и Shine. Речиси секое второ продадено Berlingo Van било со Top Rear Vision системот, односно камера која овозможува преглед од 180 степени на случувањата зад автомобилот.

Citroën Berlingo ја освои и „AutoBest“ наградата за 2019 година, а ова признание дополнително ги потврди квалитетите и надградената интелигенција која практичниот ван им ја овозможува на компаниите, односно купувачите кои ја избираат патничката изведба како нов семеен крстосувач со многу предности.

Покрај актуелниот дизајнерски израз на францускиот бренд, Berlingo е карактеристичен и по можноста за избор на класична и подолга XL верзија чија должина е 4,75 метри, а Citroën се погрижи и овој модел да добие над 20 системи за безбедност, асистенција при возење и конективност.

Berlingo во 2019 година беше втор најпродаван модел на Citroën, а од 1996 наваму е продаден во околу 2 милиони примероци.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider