Новитети

Grandland X Hybrid4 – Плаг-ин рецепт на Opel за најдоброто од двата света

Grandland X Hybrid4 располага со 1.6-литарски бензински мотор и два електро-мотора, кога вози исклучиво на електрична енергија може да стигне до 135 км/ч, а со помош на 13,2 kWh батеријата достапни му се околу 59 километри на електричен погон

07/02/2020

Плаг-ин хибрид изведбата на Grandland X ја комплетираше понудата на и онака популарниот SUV модел, кој сега со помош на електрифицираниот карактер овозможува и повеќе придобивки за своите купувачи.

Моделот кој Opel го комерцијализираше како Grandland X Hybrid4 е автомобил кој може бесчујно да го користи погонот на четири тркала, користејќи ги само електро-моторите поставени на двете оски.

Брендот од Риселсхајм во вистински момент го вметна PHEV пуленот во своето портфолио, а возачите ќе бидат импресионирани од фактот што располагаат со 300 коњски сили, висок вртежен момент кој им е достапен експресно поради електричниот дел од погонот, а во оф-роуд или најдинамичните предизвици ќе ги користат двете оски за полесно придвижување на предвидената траекторија.

Grandland X Hybrid4 располага со 1.6-литарски бензински мотор и два електро-мотора, кога вози исклучиво на електрична енергија може да стигне до 135 км/ч, а со помош на 13,2 kWh батеријата достапни му се околу 59 километри на електричен погон.

Opel предвиде четири режими на возење што значи дека може да се искористат повеќе начини на користење на енергијата од погонот и тоа во зависност од потребите, a интересна е и „E-Save“ опцијата со чие активирање, автомобилот ја штеди електричната енергија од батеријата за евентуално подоцнежно користење во урбани средини каде е дозволено движење само на автомобили со нулта емисија.

Кај Opel Grandland X Hybrid4 се достапни два начина на рекуперација на енергијата, што е дополнителен мотив за возачот да го персонализира начинот на кој ќе го добие најдоброто од членовите на погонската единица.

Во наредниот период, во продажните салони на Opel ќе биде достапна плаг-ин хибрид изведба на Grandland X со погон на предните тркала, која располага со 224 коњски сили.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider