Slide

Вести

Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила

Slide

Приходите на Emil Frey минатата година изнесувале 14.7 милијарди долари, генерирани преку продажба на 550,000 нови и користени автомобили.

11/08/2022

Најголемата европска групација за продажба на автомобили беше избрана од еден од најголемите кинески производители на автомобили, за дистрибуција и продажба на нивните автомобили во Европа.

Кинескиот производител Great Wall, еден од шесте најголеми производители на автомобили во Кина, склучи стратешко партнерство со Emil Frey за дистрибуција и продажба на брендовите Ora и Wey.

Great Wall најави влегување новите брендови на европскиот пазар на минатогодишниот саем на автомобили во Минхен. Во изминатиот период Кинезите интензивно се подготвуваа за старт на продажбата на нивните автомобили во Германија, првата земја каде планираат да комерцијализираат свои модели.

Продажбата на електричниот компакт Ora Funky Cat е планирано да започне во октомври или ноември годинава.

Way, премиум брендот на Great Wall, исто така наскоро ќе започне да се продава во Германија, а првиот модел се очекува да биде плаг-ин хибридниот SUV именуван како Coffee 09.

И двете компании во моментов спроведуваат интензивни подготовски за старт на продажбата и на останатите важни европски пазари.

“За Great Wall Motor ова е значаен исчекор на патот кон Европа. Оваа соработка со Emil Frey го поставува патот за пазарниот влез и отвора пат до нашите идни потрошувачи”, изјави Чианџун Менг, директот на Great Wall за Европа.

Во ноември Great Wall го отвори европското седиште на компанијата за Европа, лоцирано во Минхен. Според производителот, планот е во Минхен да се вработат околу 300 работници.

Great Wall го избра Emil Frey заради тоа што вакво партнерство ќе му овозможи голема предност во споредба со опцијата за градење на своја дистрибутерска мрежа. 

Преку партнерството, брендовите на Great Wall ќе добијат логистички пристап до продажната мрежа, сервисната мрежа како и логистика во однос на резервните делови.

Emil Frey во Германија веќе продава 28 автомобилски брендови.

Приходите на Emil Frey минатата година изнесувале 14.7 милијарди долари, генерирани преку продажба на 550,000 нови и користени автомобили. Тие се најголема дистрибутерска и продажна мрежа во Европа, пред Penske Automotive.

Интересен е фактот дека минатата година, 16% од 1.2 милиони продадени електрични возила во Европа, биле увезени од Кина.

Но, во оваа бројка влегуваат и моделите на Tesla кои се произведени во фабриката во Шангај.

Сепак, на повидок е експанзија на кинеските брендови во Европа, кои ќе се обидат да го искористат моментумот на раст на сегментот на електрични автомобили, каде имаат предност пред европските производители. 

Во прилог на ова е и најавата дека следната година се очекува дури десетина кинески брендови да започнат да се продаваат во Европа.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан