Slide

Вести

Групациите ќе дисконтинуираат модели кои немаат хибридни изведби, заради запазување на Co2 нормите

Slide

Освен Kadjar, Renault го стопира производството и на седанот Talisman, а го намали изборот кај миниванот Espace, на само две нивоа на опрема.

21/01/2022

Stellantis и Renault Group годинава ќе се фокусираат на лансирање на компактни и модели со средна големина, а клучни модели ќе бидат Renault Megane E-Tech Electric, Alfa Romeo Tonale и Dacia Jogger.

Помеѓу останатите модели, значителни ќе бидат Citroën C5 X, Maserati Grecale, Renault Austral (кој ќе го замени тековниот Kadjar), како и купе/кросоверот базиран на компактот 308.

Уште еден потенцијален модел е нова Opel Insignia, поставена на платформа на Stellantis, наместо тековната која е поставена на платофрмата на General Motors. Но, лансирањето на овој модел, сепак, најверојатно ќе се случи во 2023.

Помеѓу новитетите е и малиот модел на Jeep, кој ќе биде поставен под Renegade, а ќе започне со производство во Полска кон средината на годинава.

Во последните неколку години, двете групации се фокусираа на мали автомобили, како што се Renault Clio и Captur, Peugeot 208 и 2008, како и Opel Corsa и Мокка.

Но, сега групациите се фокусираат на попрофитабилните компактни и возила со средна големина. Тековната криза предизвикана од недостигот на полупроводници, која ги натера производителите да се фокусираат на поскапите модели, само го засили овој тренд. Имено, производителите беа принудени да ги алоцираат достапните чипови кон попрофитабилните модели.

Во меѓувреме, и Stellantis, и Renault дисконтинуираат поголем број на модели кои во минатото беа популарни.

Освен Kadjar, Renault го стопира производството и на седанот Talisman, а го намали изборот кај миниванот Espace, на само две нивоа на опрема. Малку е веројатно дека минивановите Scenic и Grand Scenic ќе продолжат да се произведуваат по 2022, иако Де Мео најави дека моделите ќе продолжат сега за сега. Ниту еден од споменатите модели нема хибриден погон, што значи дека нивното ниво на Co2 емисија е над просекот на групацијата.

Dacia ја ревидираше својата гама, при што ги елиминираше ванот Dokker и миниванот Lodgy, чие место ќе биде пополнето од страна на Jogger.

Што се однесува на Stellantis, двете градски возила Citroën C1 и Peugeot 108, повеќе нема да се произведуваат. Фабрикат во градот Колин, Чешка, каде се произведуваа овие модели, групацијата ѝ ја отстапи на Toyota. Исто така, ќе прсетане призводството на Citroën C4 SpaceTourer. 

По експанзијата на лансирања на нови комплетно електрични модели во 2020-21, ова темпо умерено ќе забави сѐ до 2025, кога се очекува следниот бран на Co2 лимити.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри